Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Резултати

Нето средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје изнесуваа 69.816,35 милиони денари, со состојба на 29.02.2024 година1.

Вредноста на сметководствената единица на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје на 29.02.2024 изнесуваше 271,579705.2

Вкупниот број на членови и времено распределени лица во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје заклучно со 29.02.2024 година изнесува 278.448 3.

1,2,3 Извор: www.mapas.mk – Месечен билтен 02.2024

Информатор за работата на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје со Задолжителниот фонд – 2 столб за 2023 година (детални информации)

Остварен просечен годишен принос на КБ Прв задолжителен пензиски фонд – Скопје 1*
31.12.2016  – 31.12.2023 5,23% Номинален
31.12.2016  – 31.12.2023 0,63% Реален
Наплатуван надоместок од придонеси 1*
01.01.2016 – 31.12.2016 3,00%
01.01.2017 – 31.12.2017 2,75%
01.01.2018 – 31.12.2018 2,50%
01.01.2019 – 31.12.2019 2,25%
01.01.2020 – 31.12.2020 2,00%
01.01.2021 – 31.12.2022 2,00%
01.01.2023 – 31.12.2023 1,90%
Од 01.01.2024 1,80%
Наплатуван месечен надоместок од нето средства на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје 1*
01.01.2015 – 31.12.2016 0,040%
01.01.2017 – 31.12.2018 0,035%
01.01.2019 – 31.12.2020 0,030%
01.01.2021 – 31.12.2022 0,030%
Од 01.01.2023 0,030%
Број на денови Износ на надоместок за премин 1*
број на денови ≤ 720 15 евра
број на денови > 720 не се наплаќа надоместок за премин

1 Извор: www.mapas.mk
* Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд

Трансакциски провизии 2 Износ во денари Износ / Нето вредност на средствата на задолжителниот пензиски фонд % Износ на трошок по една сметководствена единица
Вкупен износ на трансакциски провизии платени од КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје во периодот 31.12.2016 – 31.12.2023 4.897.545,41 0,007% 0,019

2 Извор: КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Надоместоци што ги наплаќа КБ Прво пензиско друштво АД Скопје 1*:
Тип на тековно наплатуван надоместок Износ
Надоместок од придонес 1* 1,80* (1,90 % до 31.12.2023)
Месечен надоместок од вредноста на нето средства на Фондот 1* 0,03%
Надоместок за премин Износ
Број на денови ≤ 720 15 Евра
Број на денови > 720 Не се наплатува надоместок

* Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд.

Појаснување:

Надоместок од придонес – се наплатува како процент од секој уплатен придонес во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, пред претворање на средствата во сметководствени единици.

Месечен надоместок од вредноста на нето средства на Фондот – пресметката на надоместокот се врши на секој датум на проценка на средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и се наплатува петтиот работен ден  во месецот по проценката

Надоместокот за премин се наплатува само при премин во друг задолжителен пензиски фонд и е определен врз основа на бројот на денови од датумот кога членот се стекнал со статус на член во постојниот пензиски фонд до датумот на пренос на средствата на индивидуалната сметка во идниот задолжителен пензиски фонд.

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје има обврска да плати: 
Надоместок Висина на надоместок
Месечен надоместок на Агенцијата за супервизија на капитално финасирано пензиско осигурување – МАПАС 2 0,7% од уплатените придонеси  во задолжителниот пензиски фонд
Надоместок на банка чувар на имот 3 0,024% годишно од вкупните нето средства на задолжителниот пензиски фонд
Месечен надоместок кон Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија(Фонд на ПИОCМ) 0,1% од уплатените придонеси во задолжителниот пензиски фонд

Надоместокот што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го наплаќа од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и надоместокот за работите што ги врши чуварот на имотот се на товар на Друштвото.

Трансакциски провизии Износ во денари Износ / Нето вредност на средствата на задолжителниот пензиски фонд % Износ на трошок  по една сметководствена единица
Вкупен износ на трансакциски провизии платени од КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје во периодот 01.01.2024 – 29.02.2024 458.727,00 0,001% 0,002
Трансакциони провизии Вкупен износ на трансакциони провизии платени од КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје во периодот 01.01.2022 – 30.04.2022
Износ во денари 198.515,79
Износ / Нето вредност на средствата на задолжителниот пензиски фонд % 0,000%
Износ на трошок  по една сметководствена единица 0,001

Извор: КБ Прво пензиско друштво АД Скопје 

Трансакциски провизии се надоместокот за берза на хартии од вредност, надоместокот за депозитар на хартии од вредност и провизијата за правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност непосредно поврзани со тргување со средствата на задолжителните пензиски фондови.

1,2,3 извор www.mapas.mk