Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

За членовите

Активна грижа за членовите

Во своето работење, КБ Прво пензиско друштво настојува целосно да ја оправда Вашата доверба бидејќи Вие сте причина за неговото постоење.

Нашето Друштво секогаш е отворено за комуникација со Вас и е достапно за какви било прашања и коментари, притоа, градејќи долгорочен и квалитетен однос со секој член поединечно и верувајќи дека единствено на тој начин се постигнува успех во она што го работиме.

На сите Вас, кои го избравте КБ Прво пензиско друштво и оние кои во иднина ќе го изберат, Ви овозможуваме целосен увид во Вашите средства, притоа, водејќи сметка за можностите на секој член на Фондот со кој управуваме за пристап кон овие информации и, воедно, наоѓајќи соодветно решение за секој од Вас.

Во согласност со нашата дефинирана цел – да бидеме отворени, директни и транспарентни во работењето во секое време (24 часа на ден, 365 дена во годината) – Ви ги овозможуваме следните привилегии и законски права:

Во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, Друштвото е должно еднаш годишно (најдоцна до 31.3. за состојба на 31.12. претходна година) да достави извештај за состојбата на средствата на доброволните индивидуални / професионални сметки, на домашна адреса на членовите/пензионираните членови на Доброволниот пензиски фонд со кој управува.

Дополнително, КБ Прво пензиско друштво Ви овозможува увид во Вашите средства во секое време, на еден од следните начини:

  1. Телефонско јавување 02/ 32 43 772 или 02/ 32 43 777(секој работен ден 08:00 – 16:00) со што ќе добиете упатство за најбрзиот начин за увид во Вашата сметка;
  2. Интернет-проверка;
  3. По писмен пат (пополнете Барање за извештај за состојба на доброволна индивидуална/професионална сметка, потпишете се своерачно и доставете го на наша адреса: Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје, лично или по пошта)

Важно: Друштвото не наплатува надоместок за извршување на услугите што им ги нуди на своите членови.

Ве известуваме дека имате и можност да ги добивате законските и други известувања по пат на електронска пошта (e-mail). Сè што треба да направите е да пополните  Формулар за известување на член по пат на електронска пошта и да го доставите  скениран по пошта до КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на адреса Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје или лично во која било од експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје  и Шпаркасе Банка АД Скопје што се наведени на нашата интернет-страница во менито „Продажна мрежа“.

Покрај редовното годишно известување за состојбата на доброволната индивидуална/професионална сметка, КБ Прво пензиско друштво најмалку еднаш годишно ги информира членовите/пензионираните членови на Доброволниот пензиски фонд со кој управува и за:

  • Приносот на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје;
  • Наплатените надоместоци и трансакциски провизии;
  • Вредноста и учеството на средствата на Пензискиот фонд во одделен вид на средства;
  • Видот и издавачот на односната хартија од вредност.

Овие информации се доставуваат заедно со Извештајот за состојба на средства на доброволна индивидуална/професионална сметка (најдоцна до 31.3. за состојба на 31.12. претходна година) но и по барање на член/пензиониран член, а истите се објавуваат и на интернет-страницата на Друштвото.

Правата на членовите на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје се дефинирани со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

Тие права се однесуваат на:
Право на користење на пензиски надоместок од акумулираните средства на доброволна индивидуална/професионална сметка кои се стекнуваат најрано 10 години пред достигнување на возраст за стекнување на старосна пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, а најдоцна на возраст од 70 години.

Начинот на користење на пензискиот надоместок членовите го остваруваат преку личен избор и тоа за:

  1. Програмирани повлекувања
  2. Еднократни или повеќекратни исплати
  3. Ануитети
  4. Комбинација

Доколку износот кој се наоѓа на сметката на членот е помал од износот пропишан од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, членот има право само на пензиски надоместок во вид на исплата на вкупниот износ на неговата сметка, еднократно или повеќекратно.

Обезбедувањето пензиски ануитети и програмирани повлекувања е регулирано со посебен закон со кој се уредува исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување. До примената на овој Закон, исплатата на пензискиот надоместок ќе се извршува со еднократна исплата на вкупниот износ од сметката на членот.

Во случај на смрт на член – средствата од неговата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка стануваат дел од оставинската маса на оставителот и со тие средства се постапува во согласност со Законот за наследување.

Кога кај член е утврдена општа неспособност за работа од страна на Комисијата за оценување на работната способност при Фондот на ПИОСМ – тој има право, без оглед на возраста, да избере една од можностите за пензиски надоместок што се наведени погоре.

Со цел да оствари долгорочен и квалитетен однос со членовите на Фондот со кој управува, КБ Прво пензиско друштво воспостави постапка за прием, обработка и одговор на сите барања, забелешки, коментари или поплаки од Ваша страна. Веруваме дека, доколку постојат какви било недоразбирања, ќе ги решиме, единствено, на овој начин, поради одржување на довербата на членовите.

Доколку имате забелешки за кој било дел од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Ве молиме пополнете го  Формуларот за поплаки, потпишете го своерачно и истиот доставете го на адреса на Друштвото, по пошта или лично во нашите простории на следната адреса:
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје.

Формуларот можете да го доставите и на факс на Друштвото или по електронски пат, на контакт e-mail на Друштвото.

КБ Прво пензиско друштво ќе ја разгледа поплаката и ќе достави одговор на секоја пристигната поплака, на домашна адреса на членот.

Со цел точно и навремено доставување на редовните известувања за состојбата на Вашата доброволна индивидуална и/или професионална сметка или, пак, други законски известувања што Друштвото Ви ги доставува на Вашата контакт адреса, од особена важност е Вашите податоци да бидат целосно точни и навремено ажурирани во Регистарот на членови на Доброволниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

Точните податоци ќе ни овозможат да имаме навремена, редовна и успешна комуникација со секој од Вас.

Ажурирање и корекција на лични податоци на член во Доброволниот пензиски фонд се врши преку непосреден увид во документ за лична идентификација на лицето кое бара промена на податоците од страна на овластено лице на друштвото или агент. Дополнителни информации за процедурата за ажурирање или корекција на лични податоци, преку наш претставник, може да добиете на контакт телефоните на Друштвото.

Почнувајќи од 14.04.2020, согласно промените во законската регулатива, се овозможи поедноставен начин за ажурирање /корекција на личните податоци.

Ажурирање/корекција на личен податок ќе се врши со пополнување на образец  Барање за ажурирање/корекција на податоци, кој електронски се доставува до  друштвото на  contact@kbprvo.com.mk. Друштвото ќе ги направи измените наведени во барањето со телефонски разговор и потврда од страна на клиентот.

Aжурирање/корекција на податок за адреса на живеење и/или адреса за коресподенција на член може да се изврши по телефонски пат со јавување на контакт телефоните на друштвото.

Online промена на лични податоци

Со цел промена на лични податоци, потребен Ви е ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД со кој Вие лично ќе ги потврдите новите податоци во Вашиот профил.

Истиот  може да го добиете на Вашата e-mail адреса или на Вашата домашна адреса (адреса за кореспонденција), претходно регистрирани во евиденција на Друштвото.

За да ја регистрирате Вашата e-mail адреса или да побарате доставување на ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД, Ве молиме да ни се обратите на телефонскиот број 02/ 32 43 777 или 02/ 32 43 772.

По добивање на кодот, Ве молиме за следното:

  1. Најавете се на МОЈА СМЕТКА, користејќи ги корисничкото име и лозинката доделена од страна на Друштвото и доставена во прилог на годишниот извештај за пензиска заштеда.
  2. Во Вашиот профил, извршете промена на потребниот податок, користејќи големи кирилски букви за името, презимето и адресата и во полето за телефон не ги внесувајте следните симболи – и /.
  3. Кликнете Зачувај, по што порталот ќе побара внесување на ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД.
  4. Внесете го кодот издаден од Друштвото и кликнете Поднеси