Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Продажна мрежа

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје со својата дисперзирана мрежа на продажни места овозможува брз и едноставен пристап до услугите кои ги нуди.

Сите заинтересирани лица, имаат право на увид во информативните проспекти, статутите на пензиските фондови и ревидираните финансиски извештаи на Друштвото и фондовите со кои управува тоа и истите можат да ги добијат на самото продажно место.

Во своите продажните места, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, има доставено и огласна табла со кратки информации за главните податоци што се однесуваат на Друштвото и пензиските фондови со кои управува, како и листа на одговорни лица – агенти на Друштвото кои ќе одговорат на Вашите барања.

За агентите

Поставувајќи ги во преден план членовите на Пензиските фондови со кој управуваме, а нивното задоволство и идна благосостојба како наша единствена цел, нашите континуирани напори се насочени кон градење и усовршување на нашиот тим што ќе одговори на поставените цели.

Имајќи предвид дека агентите се првите кои стапуваат во контакт со потенцијалните членови на Пензиските фондови, тие се иницијална слика на КБ Прво пензиско друштво и неговото работење.

Затоа, нашите агенти се карактеризираат со виско ниво на професионалност, стручност и етика во работењето, а искуството е тоа што ги прави посебни агентите на КБ Прво пензиско друштво.

Агент може да биде секое лице кое ќе се стекне со задоволителен степен на знаење за реформираниот пензиски систем и работата на КБ Прво пензиско друштво, ќе ги прифати принципите и начелата на нашето работење, лице кое поседува високи комуникациски и организациски способности кои во понатамошната работа ќе бидат надградувани и усовршувани преку обуки и тренинзи организирани од  КБ Прво пензиско друштво.

Кој може да биде агент?

Тимот агенти на КБ Прво пензиско друштво го сочинуваат лица од разни профили и возраст. Секој од овие агенти располага со знаење за реформираниот пензиски систем и работата на Друштвото и е обучен за настап на пазар и односи со клиенти. Високо квалитетниот тим на КБ Прво пензиско друштво обезбедува добра координација и успешно работење на секој кој сака да биде агент.

За да се стекне статус на агент на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, лицето треба да ги исполнува следниве услови:

  1. Да е државјанин на Р. Северна Македонија или ако е странец да има регулиран статус на странец во Република Северна Македонија согласно закон;
  2. Да има завршено минимум средно образование;
  3. Да не е вработено во: Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи и агенции за привремени вработувања;
  4. Да не му е изречена прекршочна санкција – Забрана за вршење на професија, дејност или должност во областа на економијата, финансиите, осигурувањето, банкарството и правото;
  5. Да има положено испит за агент организиран од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.*

Агентите на КБ Прво пензиско друштво извршуваат активности чија цел е рекламирање на карактеристиките на реформираниот пензиски систем, зачленување и премин на членови од друг задолжителен пензиски фонд во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје односно од друг доброволен пензиски фонд во КБ Прв отоворен доброволен пензиски фонд – Скопје, како и активности кои се извршени со цел обезбедување на услуги и информации или објективно и навремено обезбедување на податоците поврзани со работењето на Друштвото, на постоечките и/или идни членови на Фондовите, било во или надвор од Друштвото или филијалите, директно или преку соодветен вид на комуникација ( телефон ,факс, интернет).

* Испитот за стекнување на својство на агент го организира и спроведува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС. Испитот се организира  најмалку 2 пати годишно во месеците мај и ноември. Врз основа на сопствена проценка, Агенцијата може да организира испит почесто од два пати годишно.

Доколку сте заинтересирани да станете агент на КБ Прво пензиско друштво пополнете ја Пријавата за агент  или контактирајте нè на нашите контакт телефони или e-mail.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА АГЕНТ

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
Продажни места Адреса Телефон
Во Скопје
1 КБ Прво пензиско друштво АД Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6 1000 02 3 168 168;
02 3 243 789;
02 3 243 772
Комерцијална банка АД Скопје
Продажни места Адреса Телефон
Во Скопје
1 Централа – КБ2 Ул.Орце Николов бр.1 02 3 168 168
2 Експозитура Драчево Ул.Ужичка Република лок. 285 02 2 791 032
3 Експозитура Јане Сандански бул.Јане Сандански бр.69 02 2 455 820;
070 415 225
4 Експозитура Ѓорче Петров ул. Ѓорче Петров бр.7 02 2050 836
5 Експозитура Скопјанка бул.Кузман Јосифовски Питу бр.15 02 2469 750;
072 266 137
6 Експозитура Бисер ул.Јане Сандански бр.26 02 3169 319
7 Експозитура Сити мол ул. Љубљанска бр.4 02 3093-161
8 Eкспозитура ГТЦ ГТЦ Скопје, локал 6 д.е.267 02 3169 329
9 Eкспозитура 11 Октомври ул.Сава Ковачевиќ бр.11 02 3169 800
10 Експозитура Капиштец Ул. Јуриј Гагарин бр.17 02 316 9272
11 Експозитура Лептокарија Ул. Партизанска бр.62/2 лок.15 02 3070 577
12 Експозитура Буњаковец Бул. Партизански Одреди бр.27 02 3228 516
13 Експозитура Автокоманда Ул.16 Македонска Бригада бр.2а 02 3169 322
14 Централа КБ-1 ул. Орце Николов бр.3 02 3168 168
15 Експозитура МНТ Кеј Димитар Влахов бр.4 02 3168 936
16 Експозитура Цветан Димов ул. Цветан Димов бр.153 Скопје 02 3169 826
17 Експозитура Маџари Ул. Жан Жорес бр.6, Скопје 02 3169 428
Во други градови
18 Филијала Битола ул. Никола Тесла бр.18 02 3 167 441
19 Филијала Велес Ул.8-ми Септември бр.59/1 02 3 167 570
20 Филијала Кочани Кеј на Револуција бр.1 02 3 167 370
21 Филијала Охрид Партизанска бр.24 02 3 167 402
22 Филијала Прилеп Мице Козар бр.1 А 02 3 167 510
23 Филијала Штип Маршал Тито бр.10 02 3 167 540
24 Филијала Кавадарци Маршал Тито бр.14 Б 02 3 167 366
25 Филијала Тетово Видое Смилески Бато бр.60 02 3 167 399
26 Филијала Гостивар Ул. Гоце Делчев бр.89 02 3 167 350
27 Филијала Куманово Плоштад Маршал Тито бр.12 02 3 167 333
28 Експозитура Гевгелија Ул. Гевгелиски партизански одреди бр.4/2-1 034 217 071
29 Експозитура Делчево Бул. Македонија бр.45 033 412 356
30 Експозитура Кичево Бул. Ослободување б.б. 045 228 384
31 Експозитура Радовиш Ул. 22 Октомври бр.19/2 032 630 595
32 Експозитура Неготино ул.Маршал Тито бр.128 02 3167 289
33 Експозитура Струмица ул.Маршал Тито бр.16 02 3167 544
34 Експозитура Богданци Ул.Маршал Тито бр. 107 02 3167 589
35 Експозитура Струга Ул. Пролетерски бригади бр.44 02 3167 316
Шпаркасе Банка АД Скопје
Продажни места Адреса Телефон
Во Скопје
1 Експозитура Тафталиџе Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.96 02 3090 295
2 Експозитура Скопје – Автокоманда Бул. Интернационални Бригади бр.15 02 3172 270
3 Експозитура Скопје-Централа 1 ул. Васил Иљоски бр 14 02 3167 699
4 Експозитура Скопје-Ѓорче Петров 2 Ул. Ѓорче Петров бр. 33 02 2050 514
Во други градови
5 Експозитура Неготино ул. Ацо Аџи Илов бр. 10 043 365 178
6 Експозитура Струмица ул.Ленинова бр. 17 034 327 201
7 Експозитура Гевгелија Ул. Димитар Влахов бр. 7/3 034 218 464
8 Експозитура Струга Ул. Пролетерска Бригада бр. 20 046 784 260
9 Експозитура Охрид – Централа Бул. Македонски Просветители бр.19 046 231 161
10 Експозитура Куманово Ул. Моша Пијаде бр.1-1, ТЦ Сума 031 411 833
11 Експозитура Битола ул. 1-ви Мај бр.1 047 220 160
12 Експозитура Кочани Ул. Маршал Тито бр.11/1 033 271 355
13 Експозитура Ресен Ул. Јосиф Јосифовски бб 033 444 496