Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Финансиски движења

Месечни извештаи за финансиски движења 2024 год.

Јануари 2024

Макроекономските податоци поткрепени од добрите квартални резултатати објавени од страна на голем дел од светските компании во текот на изминатиот месец, беа доволни за да продолжи оптимизмот кој преовладуваше во претходниот период и јануари да заврши со позитивен принос.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јануари 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Февруари 2024

Растот на светските берзи продолжи во текот на изминатиот месец поддржан од поволните макроекономски податоци, и покрај предизвиците поврзани со стапката на инфлација и податоците за довербата на потрошувачите.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за февруари 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Март 2024
Април 2024
Мај 2024
Јуни 2024
Јули 2024
Август 2024
Септември 2024
Октомври 2024
Ноември 2024
Декември 2024

Месечни извештаи за финансиски движења 2023 год.

Јануари 2023

Предводени од првите сигнали за смирување на инфлациските притисоци и објавувањето на дел од финансиските резултати на светските компании – кои генерално беа подобри од очекуваното, светските берзи ја започнаа годината со релативно висока стапка на раст.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јануари 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Февруари 2023

По големиот оптимизам на почетокот од годината, во текот на февруари светските берзи се соочија со неповолни податоци околу инфлацијата што предизвика намалување на вредноста на берзанските индекси.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за февруари 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Март 2023

И покрај волатилноста која што беше предизвикана од неколкуте неповолни случувања во банкарскиот сектор во САД и Европа, главните светски берзански индекси го завршија месецот со позитивен принос.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за март 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Април 2023

Позитивните финансиски резултати на глобалните технолошки компаниии за првото тримесечје од оваа година ги надвладејаа предвидувањата за можна рецесија во наредниот период и беа поттик за раст на финансиските пазари во месец април.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за април 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Мај 2023

Неизвесноста околу преговорите за лимитот на долгот во САД и неповолните податоци за економската активност и раст на одредени земји беа причината за волатилноста на светските берзи во изминатиот месец.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за мај 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Јуни 2023

Напредокот на технолошките компании и вештачката интелигенција продолжуваат да бидат едни од главните фактори за растеж на светските берзи во текот на изминатиот период.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јуни 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Јули 2023

Деловните резултати на глобалните компании кои беа објавени во текот на месец јули и кои беа подобри од очекуваните, како и генерално позитивните движења на главните економски показатели во развиените држави, доведоа до продолжување на позитивниот тренд на финансиските пазари.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Август 2023

Сe уште присутната неизвесност за движењето на растот на глобалната економија и стапките на инфлација, беа причина за поголема волатилност на светските финансиски пазари во текот на изминатиот месец.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за август 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Септември 2023

Зголемената неизвесност за движењето на економијата предизвикана од рестриктивните монетарни политики и геополитичките тензии во светот, придонесе за ослабувањето на пазарите на капитал во текот на изминатиот месец.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за септември 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Октомври 2023

Повторниот пораст на приносот на обврзниците предизвикан главно од натамошната неизвесност на монетарната политика, заедно со случувањата на Блискиот Исток, беше причината за падот на пазарите на капитал во текот на изминатиот месец.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за октомври 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Ноември 2023

Податоците за стивнување на инфлацијата и задржувањето на основните каматни стапки од страна на централните банки со тенденција за нивно намалување во следната година, придонесоа во текот на ноември пазарите на капитал да го забележат најдобриот перформанс на годишно ниво.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за ноември 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Декември 2023

Оптимизмот предизвикан од смирувањето на инфлацијата кој преовладуваше во изминатиот период, продолжи и во последниот месец од 2023 година. Со тоа пазарите на капитал остварувајќи високи приноси ги затворија како месецот, така и годината која претставуваше опоравување од претходните шокови кои ја погодија светската економија.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за декември 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Месечни извештаи за финансиски движења 2022 год.

Јануари 2022

Очекувањата за зголемување на референтните каматните стапки од страна на центалните банки како одговор на високите стапки на инфлација, доведоа до пад на пазирте на капитал и раст на приносите на обврзниците.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јануари 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Февруари 2022

Почетокот на воениот конфликт, како и прекинувањето на значаен дел од економските односи помеѓу Русија и останатите економии ги зголемија ризиците и со тоа значително влијаеа на финансиските пазари.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за февруари 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Март 2022

Конфликтот во Украина кој доведе до дополнително зголемување на стапките на инфлација и нарушување на синџирот на снабдување, сеуште е во фокус на финансиските пазари.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за март 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Април 2022

Високата стапка на инфлација, затегањето на монетарната политика на централните банки, војната во Украина, како и новите “COVID” рестрикции во Кина, беа едни од главните факторите за поголема волатилност на финансиските пазари во текот на месец април.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за април 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Мај 2022

Нарушувањата на глобалниот синџир на снабдување како последица на војната во Украина и Covid рестрикциите во Кина, како и затегнувањето на монетарната политика на централните банки доведе до голема волатилност во текот на месец мај.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за мај 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Јуни 2022

Рекордните стапки на инфлација, геополитичките тензии и зголемената загриженост за економскиот раст на глобалната економија во следниот период доведоа до голема волатилност на финансиските пазари во текот на месец јуни.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јуни 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Јули 2022

И покрај негативниот раст на БДП во САД за вториот квартал на 2022 година, позитивните финансиски резултати на повеќето глобални компании, како и зголемувањето на каматните стапки на централните банки во рамките на очекувањата, доведоа до раст на пазарите на капитал во текот на месец јули.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Август 2022

Очекувањата за инфлацијата и рестриктивната монетарна политика во наредниот период предизвикаа пад на пазарите кој се случи во текот на август, а дополнителен ефект на сето ова носи и енергетската криза за која е потешко предвидливо уште колку би ја погодила светската економија.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за август 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Септември 2022

Најавите на централните банки во развиените економии дека во битката за справување со високите стапки на инфлација ќе продолжат со трендот на зголемување на референтните каматни стапки, надополнети со тензичната геополитичка ситуација во светот, доведоа до голема волатилност на финансиските пазари.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за септември 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Октомври 2022

По падот кој глобалните пазари на капитал го забележаа во претходните месеци, во текот на месец октомври следеше нивно стабилизирање и раст под влијание на кварталните финансиски резултати објавени од страна на компаниите и очекувањата за забавување на трендот на зголемување на референтните каматни стапки.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за октомври 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Ноември 2022

Најавите за намалена острина во монетарната политика на централните банки придонесоа за големиот пораст на светските пазари на капитал во текот на изминатиот месец.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за ноември 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Декември 2022

Предвидувањата за се поизвесната рецесија заедно со изјавите на ФЕД и ЕЦБ за продолжување на борбата со инфлацијата и во 2023 година, беа главните причинители за пад на светските пазари на капитал во текот на изминатиот месец.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за декември 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Месечни извештаи за финансиски движења 2021 год.

Јануари 2021

Месец јануари го одбележа потресот на берзите кој беше резултат на постовите на социјалните медиуми (Reddit’s, WallStreetBets и сл.), предизвикувајќи остар раст на цената на акциите на некои компании, како: GameStop, AMC и BlackBerry – спротивно на стратегијата и очекувањата на големите хеџ-фондови.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јануари 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Февруари 2021

Напредокот во глобалниот процес на вакцинација против Корона вирусот и ветувањето за нови фискални и монетарни пакети за поддршка на економиите, им помогнаа на пазарите на капитал да го задржат оптимизмот и да остварат раст во месец февруари.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за февруари 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас

Месечен извештај за финансиските движења

Март 2021

Забрзувањето на вакцинацијата против Корона вирусот на глобално ниво и оптимизмот дека животот и економијата постепено ќе се вратат во нормала, беа дополнителен поттик за раст на финансиските пазари.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за март 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас.

Месечен извештај за финансиските движења

Април 2021

Високото ниво на оптимизам поддржано од позитивните квартални резултати на светските корпорации и забрзаниот процес на вакцинирање (особено во Соединетите Американски Држави и Велика Британија), доведе до остварување на значителен раст на финансиските пазари.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за месец април 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас.

Месечен извештај за финансиските движења

Мај 2021

Високите стапки на инфлација, особено во Соединетите Американски Држави, доведоа до волатилност на финансиските пазари во месец мај. Сепак, смирувачките тонови на централните банки ги стабилизираа пазарите и го продолжија позитивниот тренд на акциските индекси.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за мај 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас.

Месечен извештај за финансиските движења

Јуни 2021

Позитивните економски индикатори и отварањето на глобалните економии резултираа со одржување на поволната клима на пазарите на капитал и дополнителен раст на акциските индекси во месец јуни.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јуни 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Јули 2021

Глобалното економско закрепнување, придружено со поддршка од монетарните и фискалните власти од развиените земји продолжи и во месец јули. Оптимизмот на пазарите од позитвните резултите беше повремено нарушено со вестите за ширењето на позаразната Делта варијанта на „Ковид-19“ и  за построгата регулација на технолошките компании во Кина.  Ваквото окружување доведе до различни движења на финансиските пазари.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Август 2021

Брзото глобално економско закрепнување и позитивните финансиски резултати на компаниите го продолжија позитивниот тренд на пазарите на капитал и не дозволија истиот да биде прекинат од заканите за ширењето на Делта варијантата на „Ковид-19“.  Ваквото оптимистичко окружување беше дополнително подржано и со изјавите на американските монетaрни власти (FED) дека нема да има нагло зголемување на каматните стапки.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за август 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Септември 2021

Зголемувањето на приносите на обврзниците поттикнати од континуираните високи стапки на инфлација, како и зголемените ризици кои можат да влијаат на економската актвност во иднина, доведоа до зголемана нестабилност на финансиските пазари.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за септември 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Октомври 2021

Добрите квартални резултати на глобалните компании го вратија оптимизмот на пазарите на капитал, а повеќето американски и европски акциски индекси достигнаа нови ценовни рекорди.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за октомври 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Ноември 2021

Вестите за ширењето на новата варијанта на корона вирусот – “Омикрон” ја зголеми неизвесноста за растот на светската економија, и доведе до зголемена волатилност на финансиските пазари и намалување на вредноста на глобалните акциски индекси.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за ноември 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Декември 2021

Информациите дека новата варијанта на корона вирусот (“Омикрон”) и покрај тоа што е позаразна од претходните варијанти е придружена со значително послаби симпотими и може да биде почеток на крајот на пандемијата, доведоа до оптимизам на финансиските пазари и рекордни вредности на повеќе акциски индекси.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за декември 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Месечни извештаи за финансиски движења 2020 год.

Јануари 2020
Февруари 2020
Март 2020
Април 2020
Мај 2020
Јуни 2020

Во првите шест месеци од 2020 година пазарите на капитал се карактеризираа со невидена волатилност досега. Од огромни падови во првиот квартал до рекордни растежи во вториот квартал.

Американскиот акциски индекс имаше највисок квартален пораст во последниве 20 години, додека во исто време економијата забележа рекорден пад. Одржувањето на ниски каматни стапки, како и другите фискални и монетарни стимули, придонесоа за ваквата ситуација.

Како ќе се движат пазарите во втората половина од годината? Никој не би можел да предвиди, но дефинитивно волатилноста на пазарите ќе биде присутна, а цените на акциите и порастот на економијата ќе зависат од тоа како ќе се развива пандемијата и појавата на вакцината, што се гледа како единствен спас и за населението и за економиите ширум светот.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Јули 2020

Во јули, на пазарите на капитал дојде до привремена рамнотежа помеѓу стравот (ризик од силен втор бран, ниски приноси на обврзниците, високи валуации на акциите и високи цени на златото) и очекувањата (позитивни ефекти од повторно отворање на економијата). Но, големото прашање е: Што понатаму? Сите одговори сè уште нè водат по неизвесниот пат на вирусот. Според познавачите на вирусите, патот е многу долг за широката достапност на вакцината. Од друга страна, проекциите за пораст на економијата во следната година, според сите релевантни институции, се позитивни во очекување на ефектите од фискалните и монетарните стимули во економиите.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Август 2020

Жешкото лето и високите температури ги вжештија и берзите. Август по многу бројки предизвика рекорди. Американскиот индекс S&P 500 го имаше најдобриот август од 1986 година.

Цените на акциите пораснаа благодарение на раните резултати од испитувањето на вакцината за Ковид-19 и извештајот за работни места што беше подобар од очекуваното.

Од досега објавените резултати на американските компании, над 85% покажуваат поголем профит од очекувањата на аналитичарите, а особено компаниите од секторите фармација и технологија.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за август 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Септември 2020

Во септември, информациите за зголемениот број заразени од коронавирусот во Европа, како и неизвесноста поврзана со претседателските избори во Соединетите Американски Држави доведоа до запирање на позитивниот тренд на пазарите на капитал, што траеше од март – по големиот пад на пазарите предизвикан од пандемијата со Ковид-19.

Падот на пазарите на капитал во септември доаѓа по, според многу бројки, рекордниот пораст во август, што може да се толкува и како навестување за неизвесна есен.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за септември 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Октомври 2020

Зголемувањето на бројот на активни Ковид-19 случаи во Европа, неизвесностите што произлегуваат од претседателските избори во Соединетите Американски Држави, како и сè побројните анализи за можна корекција на цените на акциите на технолошките компании, доведоа до голема волатилност на финансиските пазари и намалување на вредноста на индексот на глобалниот пазар на капитал (MSCI ACWI) во текот на октомври.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за октомври 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Ноември 2020

Позитивните вести за развојот на вакцините против Ковид-19 и перцепцијата на пазарите за резултатите од претседателските избори во Соединетите Американски Држави беа поттик за позитивните движења на глобалните финансиски пазари во текот на ноември.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за ноември 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:

Месечен извештај за финансиските движења

Декември 2020

Почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 го зголеми оптимизмот кој и досега владееше кај инвеститорите, така што го продолжи позитивниот тренд на пазарите на капитал. Растот на оптимизмот во последниот месец од неизвесната 2020 година придонесе повеќе светски акциски индекси да постигнат нови ценовни рекорди.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за месец декември 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас.

Месечен извештај за финансиските движења

Месечни извештаи за финансиски движења 2019 год.