Инвестициска политика
ДОБРОВОЛЕН ФОНД
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ги инвестира средствата на членовите на Доброволниот фонд со којшто управува во согласност со строго утврдени правила и принципи, под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, а Банката чувар на имот ги чува средствата на Пензискиот фонд одвоено од средствата на Друштвото.
Средствата на Пензискиот фонд се инвестираат со цел обезбедување на сигурност на средствата, диверзификација од инвестициските ризици како и одржување на адекватно ниво на ликвидност. Друштвото ќе ги насочи своите напори кон постигнување долгорочна (околу 20 години) номинална стапка на принос од најмалку 2 процентни поени над стапката на инфлација (CPI) за истиот период, односно остварување на реална стапка на принос од најмалку 2 %.
Во процесот на алокација на средствата и буџетирање на ризикот се земаат предвид долгорочната природа на обврските, односно старосната структура на членовите на Фондот.
Управувањето со средствата на Фондот ќе се врши преку балансирано портфолио составено од: инвестиции во инструменти со варијабилен принос и инвестиции во инструменти со фиксен приход.
Целта на инвестициите во акции е да се максимизира долгорочниот реален раст на средствата, додека со инвестициите во инструменти со фиксен принос се очекува да се генерира стабилен приход и да се обезбеди заштита на портфолиото.
Инвестициите во странство ќе бидат направени во инвестициски фондови, главно, во индексни фондови. Со инвестирање во најголемите и најдиверзифицирани интернационални индексни фондови се постигнува пасивна изложеност на странскиот пазар на капитал како и контрола на инвестициските трошоци.
Започнувајќи од 2021 година Друштвото во управување со средствата на фондовите го имплементира т.н. Одговорно инвестирање. Одговорното инвестирање вклучува грижа за околината, општеството и корпоративното управување со компаниите (ESG).