Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Задолжителен пензиски фонд

ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје (скратено Прв задолжителен пензиски фонд) е називот на Задолжителниот пензиски фонд кој е основан и управуван од страна на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

Прв задолжителен пензиски фонд го сочинуваат уплатените средства од придонесите на неговите членови, по пресметката и наплатата на надоместоците, и приносот од инвестициите.

Сопственици на Прв задолжителен пензиски фонд се неговите членови и пензионирани членови, а нивните поединечни сопственички права се определени од износот на средствата на нивните сметки во Фондот.

Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се целосно издвоени од средствата на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и се доверени на чување кај Банка чувар на имот. Ова е од исклучителна важност со цел да се постигне висок степен на сигурност на средствата.

Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд не можат да бидат предмет на побарувања, ниту врз тие средства може да биде спроведено извршување од страна на доверителите на КБ Прво пензиско друштво или во нивно име.

Инвестирањето на средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се врши во согласност со строги законски правила и други прописи од областа на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување и во согласност со инвестициската стратегија и инвестициската тактика на Фондот, со цел остварување на највисок принос, единствено, во полза на членовите и пензионираните членови и преку диверзификација и финансиска анализа да се минимизира ризикот од загуби.

Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд  со коj управува Друштвото се инвестираат под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.