 Сеп
				25
				
			2024
		
			
				Сеп
				25
				
			2024
		
	Национална награда за општествена одговорност
Во рамките на настанот “Замени и засади“, кој се одржа на 14.09.2024 година во Градскиот парк во Скопје, Весна Стојановска, претседател на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, ја прими Националната награда за општествена одговорност во категоријата Однос кон животната средина, за проектот „Замени и засади“ за 2023 година.
Наградата беше доделена од страна на Миле Бошков, во име на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија.
Ова признание ја истакнува нашата посветеност на позитивно влијание врз животната средина, нашата заедница и позелена иднина, на што сме особено горди!
Огромна благодарност до сите што го овозможија ова. Заедно, правиме вистинско влијание!

 
 
                     
     
							 
							 
							