Награда за општествено одговорна компанија
Како компанија со вкоренети општествено одговорни вредности бевме горди поддржувачи на 3. издание на Фестивал на инклузија, кој се одржа од 19 – 23.06.2024 година во Парк „Македонија“, Општина Кисела Вода, во организација на здружението Икуалити.
Во рамките на настанот беа доделени награди за ,,Шампиони на инклузијата” како благодарница за придонесот во промоција на правата на лица од социjално ранливите заедници во повеќе категории, а КБ Прво беше добитник на наградата „Општествено одговорна компанија“.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229