Осмо издание на Деновите на финансиската писменост 26 -28 ноември 2024 година
Скопје, – 28.11.2024, се одржа третиот едукативен настан во рамките на Осмото издaние на Деновите на финансиска писменост
Во рамките на Деновите на финансиска писменост, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, САВА Пензиско друштво АД Скопје, Триглав Пензиско друштво АД Скопје и ВФП пензиско друштво АД Скопје, одржаа едукативен настан за наставниот кадар од основните училишта на Општина Кисела Вода во салата на општината, акцентирајќи ја потребата од навремена финансиската едукација и инклузија.
Претставниците од Сава пензиско друштво – Зоран Габеданов, КБ Прво пензиско друштво – Сузана Бошковска Златаревска, Триглав пензиско друштво – Марина Мартиновска и ВФП Пензиско друштво – Светлана Тасевска во своите излагања дадоа осврт на важноста на пензискиот систем како и значењето на финансиската писменост како клучен елемент за донесување информирани и одговорни финансиски одлуки. Посебен акцент беше ставен на улогата на пензискиот систем, капитално финансираното пензиско осигурување како и транспарентноста од страна на чинителите кои се дел од овој систем.
Преку вакви настани за време на Деновите на финансиската писменост, се поттикнуваат граѓаните да преземат активна улога во сопственото финансиско планирање. Правилните одлуките донесени денес можат значително да влијаат на квалитетот на животот во пензионерските денови, што ја нагласува важноста на финансиската едукација.
За повеќе информации посетете ја веб страна и социјалните медиуми:
https://www.facebook.com/mapas.mk