Преземете чекор и направeте ажурирање на Вашите лични податоци!
Гледано на подолг рок, животот ретко останува ист.
Каде сте и која е Вашата моментална ситуација (финансиска, здравствена, професионална) може да се промени за само неколку месеци, а некогаш и за пократко!
Ова може да биде нешто многу едноставно, до нешто посложено како преселување во нов дом.
Зборувајќи од перспектива на пензиско друштво, една од нашите цели е да обезбедиме транспарентна комуникација со нашите членови. Така полесно ќе Ве контактираме, ќе Ви испратиме најнови информации за Друштвото вклучувајќи го и годишниот извештај, а воедно ќе Ви овозможиме побезбедно користење на нашиот електронски сервис „Моја сметка“.
Секако, една од најважните цели на КБ Прво пензиско друштво е сигурност и заштита на Вашите лични информации, исто како и важноста да Ви обезбедиме максимизиран принос од инвестирањето на Вашите средства, а преку тоа да Ви обезбедиме стабилна финансиска иднина во пензионерските денови кога најмногу ќе имате потреба.
Вашето редовно ажурирање на податоците Ви овозможува да бидете редовно информирани за Вашата идна пензија, за Вашите средства кои се акумулирани на Вашата лична индивидуална сметка, за тоа како се акумулираат, дали вашиот работодавач редовно уплаќа по основ на пензиско и инвалидско осигурување, дали Друштвото ги инвестира добро Вашите средства, кои се начините на исплата на Вашата пензија и многу други прашања.
Кога е ВАЖНО да преземете чекор и да направите ажурирање на податоците?
Има многу животни настани, кои би наложиле да ги ажурирате Вашите лични податоци, а тоа подразбира Вашите контакт податоци да ги одржувате „живи“ и ажурни, посебно со финансиските институции со кои Вие соработувате, користите нивни услуги, производи и сл.
Тоа ќе Ви помогне да бидете информирани многу повеќе за Вашите финансии, за Вашата моментална имотна состојба, и несомнено да помогне и да се спречи евентуална измама.
Сте се преселиле во нов дом (нова адреса) или пак уште подалеку, во нова земја –Важно е да ја ажурирате Вашата адреса ако се преселите, дури и ако тоа е привремена преселба. На пример, доколку не направите промена, Вашето пензиско друштво нема да може го достави на вистинската адреса Вашиот годишен извештај (зелениот плик). Доколку сте се преселиле во друга држава, и таму сте оствариле работен статус, треба да се запознаете и да се информирате што ќе се случува со Вашите средства на Вашата индивидуална сметка во Вашето пензиско друштво, како утре кога ќе исполните услови за старосна пензија би ја подигнале пензијата од Вашата родна земја.
Промена на контакт информации – Ако треба да ја промените Вашата примарна адреса за е-пошта или телефонски број поради една или друга причина, треба да се погрижите и да ја ажурирате! Како што споменавме погоре, ова се главните извори што КБ Прво пензиско друштво ги користи за да Ве контактира, информира и да се грижи за Вашето задоволство со своите услуги.
Животни настани – Бракот, разводот и смртта се главните животни настани кои имаат импликации врз Вашите лични податоци. Ова може да има и правни импликации, како промена на Вашето презиме! Во секој случај, ажурирањето на Вашите информации во овие случаи е важно. Посебно во случаите на немил настан. Важно е да знаете дека средствата од вториот и третиот столб се НАСЛЕДНИ и од истите причини навременото ажурирање на Вашите податоци ќе Ви помогне за полесна коресподенција при реализација на наследната постапка во тешките моменти.
Продолжете да читате ако сакате да дознаете како членовите на КБ Прво пензиско друштво може да ги ажурираат своите лични податоци!
И сега, ако решивте да ги ажурирате Вашите лични податоци, сте ја донеле вистинската одлука!
Следниот чекор е да откриете како да го направите тоа.
Препорачуваме да ги направите овие промени во рамките на порталот Моја сметка! Користењето на електронските дигитални сервиси на Друштвото Ви овозможува 24/7 достапност, а воедно ја заштитуваме заедно животната средина со намелено користење на хартија!
Едноставно, посетете го порталот „МОЈА СМЕТКА“ на страницата www.kbprvo.com.mk . Пристапете до профилот и извршете измена на име, презиме, адреса на живеење, место на живеење, поштенски код, место за кореспонденција, поштенски код за кореспонденција, адреса за кореспонденција, телефон и електронска пошта. Тоа е толку лесно!
Сепак, членовите на КБ Прво пензиско друштво ажурирањето или коригирањето на своите податоци, може да го направат и на други начини како на пример:
- Ажурирање со писмено барање – со пополнување на Барање за ажурирање/корекција на личните податоци кое можете да го најдете на следниот линк: https://kbprvo.com.mk/azuriranje-podatoci/ . Притоа, заради лична идентификација на подносителот на барањето друштвото врши:
- непосреден увид во документ за лична идентификација на членот преку лице овластено од Друштвото или агент;
- преку пополнување на барањето од Ваша страна и достава на електронската пошта contact@kbprvo.com.mk и телефонски контакт со членот, се обезбедува снимка од разговорот.
2. Ажурирање преку телефонски контакт со пензиските друштва – нашите членови може да ги ажурираат податоците кои се однесуваат на адресата на живеење или адресата за кореспонденција со телефонско јавување на контакт бројот 02/3243777 и Друштвото ќе го идентификува членот при што обезбедува снимка од разговорот.
Ако го направивте ова денес, завршивте една многу едноставна, но многу важна работа!
Останете информирани и свесни користејќи ги придобивките на реформираниот пензиски систем!
Вашето пензиско друштво, КБ Прво
Подготвил: Сузана Бошковска-Златаревска
Сузана Бошковска-Златаревска е дипломиран економист на позиција Раководител на Сектор маркетинг и агентска мрежа во КБ Прво пензиско друштво, со над 20-годишно искуство во финансискиот сектор. Одговорна е за планирање, развој и имплементација на маркетинг стратегии и кампањи со цел подигнување на свесноста за реформираниот пензиски систем, финансиска писменост и инклузија, зајакнување на брендот, грижа за ефикасна и транспарентна комуникација со членството, како и развој на агентската мрежа на Друштвото.