Сите лица кои се за првпат вработени по 01.01.2019 година и на датумот на пристапување во задолжително пензиско и инвалидско осигурување се помлади од 40 години возраст, задолжително стануваат членови на вториот столб. Тие имаат можност по свој избор да одберат со кое пензиско друштво ќе склучат договор, во рок од 3 месеци од првото вработување. Договорот се склучува со агент на друштвото. Доколку лицето не склучи договор во дадениот рок, по модел на случаен избор ќе биде распределено во еден од постојните задолжителни пензиски фондови.
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС располага со регистар на сите членови во задолжителните пензиски фондови. Со посета на веб-страната на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС www.mapas.mk, секое лице може да провери во кој задолжителен пензиски фонд членува.
Не, не постои разлика во износот на средствата што се издвојуваат – што ги плаќаат компаниите како придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за осигурениците на Фондот на ПИОСМ и осигурениците кои се и членови на еден од задолжителните пензиски фондови во Вториот пензиски столб.
Главната разлика помеѓу стариот пензиски систем и членството во првите два пензиски столба е всушност во распределбата на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.
За лицата кои не се членови на Задолжителниот пензиски фонд од Вториот пензиски столб целиот придонес за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 18,8 % од бруто-платата се уплатува во Фондот за ПИОСМ, а на членовите на Задолжителниот пензиски фонд од Вториот пензиски столб: 12,8% од бруто-платата се уплатуваат во Фондот за ПИОСМ, а 6 % од бруто-платата се уплатуваат во Задолжителниот пензиски фонд по избор на осигуреникот.
Ако пропадне Друштвото, средствата на сметките на членовите во Задолжителниот пензиски фонд не пропаѓаат – остануваат на сметките на членовите на Фондот кај Банката чувар на имот, а Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во најкус можен период ќе спроведе постапка за изнаоѓање на соодветно/друго друштво кое ќе управува со Задолжителниот пензиски фонд.
Доколку останете без работа, не го губите правото на членство во вториот столб. Вашите средства и понатаму се инвестираат и при повторно вработување уплатата на придонеси продолжува на истата индивидуална сметка во пензискиот фонд, каде и претходно сте биле член.
Член на задолжителен пензиски фонд кој навршил стаж на осигурување со зголемено траење кој овозможува намалување на старосната граница за остварување право на старосна пензија за најмалку една година согласно со членот 118 став 3 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, може да избере да го продолжи членството во вториот пензиски столб. Изборот се прави со потпишување на изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд во рок од три месеци од навршувањето на стажот на осигурување. Членството во задолжителниот пензиски фонд престанува доколку писмената изјава не се достави во пропишаниот рок.
По престанокот на членството, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средства од индивидуалната сметка на членот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, и овој осигуреник останува осигурен само во првиот столб, односно во тековното финансирано пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност.
Лицата на кои во претходните години членството им е продолжено со Изјава, немаат обврска повторно да ја доставуваат истата Изјава.
Согласно законската регулатива, средствата од индивидуалната сметка во задолжителен пензиски фонд не може да ги користите сè до моментот кога ќе остварите право на старосна пензија, согласно моменталните законски услови (62 години за жени и 64 години за мажи). Доколку при навршувањето на Вашата старост за пензионирање, немате најмалку 15 години работен стаж, во тој случај, средствата од индивидуалната сметка може да ги користите по навршена возраст од 65 години.
Со членството во Доброволниот пензиски фонд од Третиот пензиски столб штедиш независно од пензијата на Фондот за ПИОСМ.
Со индивидуално членство во Доброволниот пензиски фонд, штедиш независно од пензијата во Фондот за ПИОСМ и ги добиваш следните придобивки:
Исплата на средствата – средствата од доброволното капитално финансиско пензиско осигурување можат да се повлечат најрано 10 години пред возраста за стекнување право на старосна пензија, односно 54 за мажи и 52 години за жени. Членот одлучува за начинот на исплата на средствата.
Со организирање на пензиска шема во рамките на Доброволниот пензиски фонд, компаниите можат да користат низа придобивки како:
Поволности од аспект на данокот на добивка за уплати преку пензиска шема:
Расходите по основ на уплатен придонес во доброволниот пензиски фонд во една календарска година се даночно признат расход од аспект на Данокот на добивка, во висина до две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Р.С.М.
Согласно Законот за данок на личен доход, при исплата на пензиски надоместок од доброволниот пензиски фонд, основа за пресметка на данокот претставува:
Уплатата на средствата во Доброволниот пензиски фонд можеш да ја вршиш сам/а или трето лице да ја врши во твое име и за твоја сметка. Се разбира, уплатувачот мора да е познат, односно да го потпише твојот договор за членство во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд во својство на уплатувач.
Да, постои можност за членство во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд преку компанијата каде работиш.
Твојата компанија може да склучи договор за професионална пензиска шема во која ќе бидеш вклучен и ти, и за тебе да уплатува средства за дополнително пензиско осигурување на твојата лична – професионална сметка .
Членството во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд преку учество во професионална пензиска шема на твојата компанија ти овозможува користење на истите права како и индивидуално членство, освен правото на поврат на персонален данок и уплата на доброволен придонес (уплатата на доброволен придонес за учесник во професионална пензиска шема ја врши, единствено, работодавецот – осигурувачот).
Информирај се дали твојата компанија има професионална пензиска шема.
Професионалните пензиски шеми овозможуваат дополнително колективно пензиско осигурување организирано и финансирано од компании или здруженија на граѓани. Организирањето и финансирањето на професионалната пензиска шема, пред сè, значи грижа за иднината и обезбедување на повисок животен стандард по пензионирањето на своите вработени/членови. Финансирањето на професионалните пензиски шеми може но не мора да претставува дополнителен трошок на компаниите кои со соодветна алокација на своите финансиски средства можат да ги задржат трошоците на планираното ниво, а воедно да создадат дополнителни приходи за своите вработени.
Професионална пензиска шема претставува начин за уплата на доброволен принос за пензиско осигурување договорен помеѓу работодавецот и неговите вработени или здружение на граѓани и неговите членови, вклучена во Доброволниот пензиски фонд.
Повеќе работодавци или повеќе здруженија на граѓани заедно може да организираат и финансираат професионални пензиски шеми.
Работодавецот донесува правила за професионалната пензиска шема и потпишува договор за организирање и финансирање професионална пензиска шема со друштвото кое го избрал да управува со Доброволниот пензиски фонд во кој ќе биде вклучена професионалната пензиска шема. Работодавецот може да определи кои вработени или членови можат да учествуваат во професионалната пензиска шема, висината на уплатата која ќе ја уплатува за секој од нив, редовноста на уплатите итн.
Ако пропадне Друштвото, средствата на сметките на членовите во Доброволниот пензискиот фонд не пропаѓаат – остануваат на сметките на членовите на Фондот кај Банката чувар на имот, а Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во најкус можен период ќе спроведе постапка за изнаоѓање на соодветно/друго друштво кое ќе управува со Доброволниот пензиски фонд.
Со Пензиски фонд секогаш управува одредено Пензиско друштво, слично како и кај инвестициските фондови. Во согласност со законските одредби, едно Пензиско друштво може да управува со средствата на еден Задолжителен пензиски фонд, еден Доброволен пензиски фонд или по еден Задолжителен и Доброволен пензиски фонд.
Фондот го сочинуваат уплатените средства на неговите членови по наплатата на надоместоците, зголемени за приносот по нивното инвестирање.
Сопственици на пензиските фондови се нивните членови, а средствата на фондовите се потполно одвоени од средствата на Друштвото кое управува со нив и безбедно се чуваат кај Банката чувар на имот.
Пензиските друштва се правни субјекти, акционерски друштва, чија основна дејност е оперативно и стратешки да управуваат со средствата на пензиските фондови.
Во основа, начинот на функционирање на задолжителните и доброволните капитално финансирани пензиски фондови е ист – средствата на пензиските фондови се инвестираат во согласност со соодветните законски и подзаконски акти и целокупниот остварен принос од инвестиции се припишува на членовите на соодветниот фонд.
Важно е да се потенцира дека вработувањето е предуслов за уплата на средства на личните сметки на членовите на задолжителните пензиски фондови, а висината на придонесот за Вториот пензиски столб што се уплатува на индивидуалната сметка на членовите на задолжителните пензиски фондови од Вториот столб изнесува 6 % од бруто-платата. Средствата уплатени во Задолжителниот пензиски фонд не се дополнителен трошок за членот или компанијата каде работи туку станува збор за распределба на средствата што се уплатуваат во системот на задолжително пензиско осигурување, средства што се плаќаа и пред реформата на пензискиот систем.
Уплатата на средства на личните сметки на членовите на доброволните пензиски фондови значи уплата на сопствени средства на членовите, трети лица кои уплатуваат во име и за сметка на членовите или компаниите каде членовите работат. Поради ова, членството во доброволните пензиски фондови не е директно поврзано или условено со вработување.
Се разбира, постојат и други важни специфичности/разлики што се дефинирани со законските и подзаконските акти и се однесуваат на можностите за членство, хартиите од вредност во кои може да се инвестираат средствата на одделните фондови, лимитите за инвестирање, начините на користење на средствата итн.
Средствата на личните сметки на членовите на капитално финансираните пензиски фондови од Вториот и Третиот пензиски столб се евидентираат во сметководствени единици. Сметководствената единица претставува пропорционален удел на членот во вкупната нето-вредност на Задолжителниот, односно Доброволниот пензиски фонд.
Пример:
Сите нови уплати во Фондот, се конвертираат во сметководствени единици, на тој начин што уплатениот износ се дели со вредноста на сметководствената единица на Фондот, на денот на уплатата. Вредноста на сметководствената единица се менува секој ден.
Пример:
Вредноста на сметководствената единица се добива така што вкупната нето-вредност на Пензискиот фонд се дели со вкупниот број на сметководствени единици од сите членови на соодветниот Фонд. Се пресметува секој ден и истата зависи од неколку фактори: принос од поединечни инвестиции, движењето на цените на хартиите од вредност во кои се инвестираат средствата на Задолжителниот пензиски фонд, девизниот курс и слично. Сметководствената единица од 105,00 покажува дека приносот на Фондот до тој период изнесувал 5 %, во однос на почетната вредност на сметководствената единица од 100,00.
Вредноста на Вашите средства го претставува бројот на сметководствени единици кои ги поседувате помножен со вредноста на сметководствената единица на денот на вреднувањето.
Вашата идна пензија од Пензискиот фонд од Вториот или Третиот пензиски столб во голема мера зависи од вредноста на сметководствената единица.
На пример, ако вредноста на сметководствената единица на Пензискиот фонд на почетокот на Вашето членство изнесувала 100,00 единици, истата континуирано растела во годините на Вашето членство во Фондот со што вредноста на сметководствената единица на денот на Вашето пензионирање изнесува 140,00 единици, Вие ќе имате онолку пари на Вашата сметка колку што сте имале сметководствени единици на денот на пензионирањето помножени по 140,00 како вредност на сметководствената единица на денот на Вашето пензионирање.
Пример:
Оттука, колку е поголема вредноста на сметководствената единица, толку повеќе пари имате на Вашата сметка.