Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Политика на приватност

ПОЛИТИКА на приватност и колачиња на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје (понатаму во текстот: Друштвото) во согласност со дејноста која ја врши, врши и обработка на лични податоци согласно важечките прописи во Р.С. Македонија.

Друштвото се грижи за приватностa преку почитување на правото на приватност, почитување на начелата и одредбите за заштита на личните податоци и законска обработка на истите, употребувајќи бројни технички и организациски мерки.
Обработка на лични податоци

Личните податоци кои ги прибира Друштвото во улога на Контролор, а кои понатаму се предмет на обработка, ги собира единствено со закон утврдени цели, а за секоја друга цел обезбедува посебна Изјава за согласност за обработка на лични податоци од субјектите на личните податоци.

Обем на обработка

Согласно закон, Друштвото во склоп на својата примарна дејност, има обврска и да ги информира своите членови во врска со нивните права во однос на пензиското осигурување, како и за информации поврзани со нивниот статус во Друштвото, измените во законската регулатива, движењето на финансиските пазари, остварените приноси, наплатени надоместоци и за други информации во врска со пензискиот систем.

При обработката на личните податоци, Друштвото користи соодветни технички и организациски мерки со цел обезбедување заштита на обработката на истите. Во таа насока, во Друштвото тековно се спроведуваат редовни внатрешни контроли, надворешни ревизии, оценување на ранливост и пенетрациски тестови со кои се утврдува и потврдува нивото на доверливост, сигурност, интегритет и расположливост на ИС и податоците кои се обработуваат во рамките на истиот.

Роковите на чувањето на податоците кои се обработуваат се дефинирани согласно закон и интерни акти, а по истекувањето на роковите на чување, податоците се уништуваат согласно предвидените интерни процедури.

Друштвото се стреми да обезбеди што е можно поажурни податоци од субјектите на лични податоци со цел нивно навремено известување.

Овластени лица за обработка на лични податоци

Во однос на обработката на личните податоци, Друштвото издава посебни овластувања за обработка на истите на лицата кои имаат договорен деловен однос со Друштвото. Овие овластени лица, пред започнувањето со својата работа, а воедно и преку организирање на континуирани обуки се запознаваат со заштитата на обработката на личните податоци.

Овластените лица своерачно имаат потпишано Изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Сервиси на Друштвото
Портал – Моја сметка

При користење на порталот за лична сметка, Друштвото од лицата кои се најавуваат ги собира следниве категории на податоци: корисничко име, лозинка (нечитлива форма), IP адреса, датум и време на најава. Размената на податоците помеѓу порталот на Друштвото и лицата кои се најавуваат на порталот (на пример: корисничко име и лозинка) се одвива преку криптирана врска (https). Согласно закон, секој член и пензиониран член на фондовите со кои управува Друштвото, треба да добие соодветно корисничко име и лозинка за најава на порталот.

Контакт форма

Со користење на контакт формата, лицата до Друштвото ги доставуваат следните податоци: име и презиме, е-маил, телефон. Размената на податоците помеѓу веб- страната (контакт формата) на Друштвото и лицата кои ги внесуваат податоците во формата се одвива преку криптирана врска (https). Податоците кои ги обезбедува Друштвото преку оваа форма, ќе ги користи единствено за комуникација со доставувачот во врска со неговата порака.

Веб–комуникација (Web chat)

Овој сервис служи за добивање на општи информации во врска со пензискиот систем, информации за Друштвото, како и за добивање информации за статусот на лицата кои се членови во некои од фондовите со кои управува Друштвото. Податоците кои ги обезбедува Друштвото преку chat-от, ќе ги користи единствено за комуникација со доставувачот во врска со неговата порака.

Контакт телефон – 02/3243777

Овој сервис служи за добивање на општи информации во врска со пензискиот систем, информации за Друштвото, како и за добивање информации за статусот на лицата кои се членови во некои од фондовите со кои управува Друштвото. Сите повици воспоставени кон контакт телефонот на Друштвото, согласно писмен допис од МАПАС се снимаат со цел контрола на квалитетот на услугата, како и подобрување на информираноста на членството. Во однос на ова, АЗЛП има донесено посебно решение со кое се одобрува обработката на биометриските податоци која ја вршат овластени лица во Друштвото.

Останати канали

Останати канали преку кои се собираат лични податоци се склучување на договори за членство во задолжителен пензиски фонд и склучување договори за членство и професионални пензиски шеми во доброволен пензиски фонд, како и сите пропратни процеси во врска со членување во пензиските фондови, наследства, работни односи, вршење на агентски работи и други канали согласно регулативата.

Вашите права за заштита на личните податоци

Според Законот за заштита на личните податоци, Вие имате права за кои треба да Ве информираме. Правата што Ви се достапни зависат од целта, односно причината за обработка на Вашите лични податоци. Повеќе информации со ова тема можете да најдете на веб страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци www.dzlp.mk односно да поставите прашање до нашиот офицер за заштита на личните податоци или до надлежниот државен орган, односно регулаторно тело на info@privacy.mk.

Во продолжение ќе ги најдете основните односно базичните информации во врска со споменатите права:

1. Право на пристап

Имате право да побарате од нас копии од вашите лични податоци. Ова право секогаш се применува. Постојат некои исклучоци, според законот, што значи дека не секогаш може да ги добивате сите информации што ги обработуваме.

2. Право на исправка

Имате право да побарате од нас да ги исправиме информациите што мислите дека не се точни. Вие исто така имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите што мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.

3. Право на бришење

Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право се применува само под одредени услови согласно закон.

4. Право на ограничување на обработката

Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.

5. Право да се спротивставувате(барање да се прекине целосно со обработката) на обработката

Имате право да се спротивставувате на обработка само доколку обработката на Вашите лични податоци не претставува дел од нашите законски обврски или е во наш легитимен интерес.

6. Право на преносливост на податоци

Ова се однесува само на информациите што Вие ни ги давате. Вие имате право да побарате да ги пренесеме информациите, односно личните податоци што ни ги давате од една во друга организација(контролор) или да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на ваша согласност, или во процес за склучување договор во вие самите сте едната страна односно доколку обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме вашите информации за цели на спроведување на законски обврски од домен на кривичното право и постапка.

Од Вас нема да се бара да платите никаква такса,односно надомест за остварување на горенаведените права, освен кога тоа во зависност од Вашето барање е поврзано со особено голем број на операции или активности поврзани со фискални импликации за што ќе бидете однапред информирани.Во врска со напред наведеното предвидени се одредени исклучоци и согласно Законот за заштита на личните податоци.За остварување на Вашите права, согласно посочениот пропис,односно постапување по Ваше Барање,согласно законот имаме рок од еден месец за одговор.

7. Право да се жалите (Право на приговор)

Ние работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на Вашите лични информации, сепак доколку имате било какви прашања или проблеми, контактирајте не на contact@kbprvo.mk и ние ќе одговориме.

Ако сепак во било кој случај останете незадоволни, можете да поднесете жалба за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични информации до Агенцијата за заштита на личните податоци на info@privacy.mk.

Соодветните обрасци кои се однесуваат на правата на субјектите на лични податоци се достапни подоле:

Профилирање

Друштвото не врши профилирање на субјекти на лични податоци за какви било цели.

Директен маркетинг

Друштвото може да врши директен маркетинг единствено по претходна согласност од лицата субјекти на лични податоци.

Колачиња (Cookies)

Cookies („колачиња“) се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер односно уред при вашата следна посета на нашата веб-страна со што се овозможува побрз пристап. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на Cookies на Вашиот компјутер или друг уред кој го користите со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според Вашите потреби и навики.

Сите информации кои се меморираат во рамките на Cookies ќе бидат искористени само за потребите на web-сајтот и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена односно компромитирана.

Со пристапувањето односно користењето на оваа веб-страница, се смета дека сте запознаени, т.е. се согласувате односно ги прифаќате одредбите  наведени во Политиката за приватност на Друштвото.

Зошто користиме колачиња (Cookies)?

На нашата веб-страница користиме колачиња (Cookies) од следниве причини:

  1. За техничко функционирање на веб-страницата;
  2. За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  3. За да ги запомниме Вашите преференции за јазик;
  4. За да запомниме/да се потсетиме дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб-страница;
  5. Воедно собираме податоци за што користиме услуга од трета страна Google Analytics, да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да го открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб-страна;
  6. Се собираат колачиња за што се користи услуга од трета страна Facebook, за функционирање на дополнителниот модул за Live chat.

Кога ја посетувате нашата веб-страница, можеме да собереме и некои други информации односно  податоци од Вашето пребарување, како на пример: IP адресата, која содржина од веб-страницата на Друштвото сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб-страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб-страна, користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да го открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (Cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (Cookies), кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

При првото пристапување кон нашата веб-страница имате можност да се запознаете со видот на колачињата и со можноста да одберете какви колачиња ќе дозволите да се постават на Вашиот уред. За таа цел се појавува посебен прозорец (pop-up) со информации за колачиња.

Изборот на cookies  исто така може да го правите преку опцијата – Cookie settings, на почетниот екран од веб-сајтот на Друштвото.

Информации како да ги оневозможите колачињата за сите веб-сајтови

Менито Help („помош“)  во лентата со алатки на Интернет пребарувачот на вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците:

  • Како да го спречите прифаќањето на нови колачиња во пребарувачот;
  • Како да го поставите пребарувачот да Ве извести кога ќе примите ново колаче;
  • Како целосно да ги исклучите колачињата.

Постојат многу онлајн информации за колачиња, како што е: www.allaboutcookies.org (на англиски јазик), во случај да сакате да прочитате повеќе.

На пример, ако користите Internet Explorer верзија 11.0, морате да го направите следново:

  • Изберете Settings, а потоа Internet Options;
  • Кликнете на табулаторот Privacy;
  • Со помош на лизгачкото мени изберете ги опциите што ги преферирате.
Видеонадзор

Друштвото не врши видеонадзор во ниту еден облик.

Давање на податоци на трети субјекти – обработувачи

Друштвото дава лични податоци од субјектите на лични податоци единствено на субјекти со кои има договорен деловен однос и склучен Договор за сигурност на информациски систем и заштита на обработката на личните податоци, каде детално се регулирани начинот и условите за обработката на истите.

Пренос на лични податоци во други земји

Согласно Закон за заштита на лични податоци, други земји се земји каде е обезбеден соодветен степен на заштита на личните податоци т.е. тоа се земји членки на ЕУ или земји членки на Европскиот економски простор. Друштвото може да врши пренос на лични податоци заради исполнување на Договор во интерес на субјектот на лични податоци меѓу Контролорот и трето лице, и тоа во  земји членки на ЕУ или земји членки на Европски економски простор.

Серверите на веб страницата КБ Прво Пензиско Друштво се во Република Северна Македонија со што не се врши пренос на личните податоци.

Постапување во случај на инцидент/неовластено откривање/загуба на лични податоци

Во случај на сигурносен инцидент, откривање или загуба на лични податоци, Друштвото доколку располага со контакт податоци, ги известува засегнатите субјекти на лични податоци за настанатиот инцидент, а доколку се работи за инцидент од поголеми размери, Друштвото за тоа известува преку јавно соопштение или преку соодветна објава на својот веб-сајт, не подоцна од 72 часа од сознанието за настанатиот инцидент.

Заштита на личните податоци при користење на Facebook

На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.

Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.

Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.

Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.

Заштита на личните податоци при користење на Instagram

На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи.

Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.

Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.

Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк:

Заштита на личните податоци при користење на YouTube

На нашата веб страница интегрирана е компоненти на YouTube. YouTube е Интернет видео портал кој овозможува бесплатно публикување на видео клипови, како и бесплатно гледање, прегледување и коментирање на истите. YouTube ви овозможува објавување на секаков вид на видео записи, при што може да имате целосен пристап до филмовите, ТВ емисиите, музичките видеа, најави и видеа направени од корисниците преку Интернет порталот.

Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку YouTube.

Со секое повикување на една од одделните страници на оваа Интернет страница, со која управува контролорот и на која е интегрирана компонента на YouTube (видео на YouTube), автоматски се бара веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот да ја преземе соодветната компонента на YouTube. Дополнителни информации за YouTube може да најдете на https://www.youtube.com/about/.

YouTube и Google ќе добијат информации преку компонентата YouTube дека субјектот на личните податоци ја посетил нашата веб страница, доколку субјектот на личните податоци за време на повикот на нашата веб страница е најавен на YouTube; ова се случува без оглед дали лицето кликнало видео на YouTube или не. Доколку субјектот на личните податоци не сака оваа информација да биде пренесена до YouTube и Google во тој случај треба да се одјави од сопствениот профил на YouTube пред да ја повика на нашата веб страница.

Одредбите за заштита на личните податоци на YouTube, достапни на https://www.google.com/intl/en/policies/privacy/, обезбедуваат информации за собирање, обработка и употреба на личните податоци од YouTube и Google.

Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics

На нашата веб страница, интегрирана е компонентата Google Analytics. Google Analytics е услуга за веб анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за оптимизирање на веб страницата.

Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.

Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на корисникот. Дефиницијата за колачиња е објаснета погоре. Со поставување колаче, Google може да ја анализира употребата на нашата веб страница. Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб страница од страна на корисникот. Со секоја посета на нашата веб страница, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи корисникот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица.

Со соодветно прилагодување на веб пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница, но и трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб пребарувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб пребарувач или други софтверски програми.

Воедно, можете да преземете и инсталирате додаток на веб пребарувачот на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. Овој додаток на веб пребарувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за Вашите посети на веб страници. Инсталирањето додатоци на пребарувачот се смета за приговор кон Google. Ако Вашиот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб пребарувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб пребарувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:

Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк:

Контакт податоци
Контролор КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

www.kbprvo.com.mk
contact@kbprvo.mk
02/ 32 43 777

Офицер за заштита на лични податоци во Друштвото
Андријана Зариоска

Е-mail:  andrijana.zarioska@kbprvo.com.mk
Контакт тел.: 02 5513 585

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување
Агенција за заштита на личните податоци

Оваа Политика влегува во сила од денот на донесувањето. Оваа Политика, како и новите и/или изменети верзии на истата ќе бидат јавно објавени на веб-страната на Друштвото.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР

Весна Стојановска