Предизвикот наречен „Замени и засади“ на КБ Прво пензиско друштво, по втор пат го доби својот епилог, овој пат со озеленување на 1 хектар и засадување на 2.500 нови садници во пределот на Кочани.
Својата мисија за зелена иднина, која се фокусира на унапредување и подобрување на животната средина, КБ Прво пензиско друштво ја започна лани преку кампањата „Замени и засади“, која има за цел да ги охрабри членовите да го заменат зелениот плик со добивање на својот годишен извештај преку електронска пошта, за што Друштвото во негово име ќе донира по едно дрво.