Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Исплата на пензиски надоместоци

Исплата на пензиски надоместоци

Член на Доброволен пензиски фонд стекнува право на пензиски надоместок од Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, најрано десет години пред возраста за стекнување на право на старосна пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Членот е должен да го направи својот избор најдоцна до 70- годишна возраст. Доколку членот не направи избор, Друштвото го известува за обврската за избор.

Кога член на Доброволен пензиски фонд стекнува право на пензиски надоместок, целиот износ на акумулирани средства на неговата индивидуална сметка ќе се искористи со право на личен избор на членот за:

  1. Исплата на вкупниот износ на неговата сметка, еднократно или повеќекратно.
  2. Купување на пензиски ануитет кој се исплатува до крајот на животот од Друштвото за осигурување, овластено за оваа цел.
  3. Програмирани повлекувања обезбедени од Друштвото со кое склучил договор за програмирани повлекувања по пензионирањето.
  4. Комбинација на сите претходни опции.
Наследување

Во случај на смрт на член или на пензиониран член на Пензиски фонд, средствата од сметката на тој член или на пензионираниот член стануваат дел на оставинската маса на оставителот и со тие средства се постапува во согласност со Законот за наследување.

Исплата во случај на општа неспособност за работа

Кога кај член на Доброволен пензиски фонд е утврдена општа неспособност за работа од страна на Комисијата за оцена на работната способност при Фондот на ПИОСМ, тој има право без оглед на возраста да избере една од можностите за пензиски надоместок, во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.