КБ Прво пензиско друштво АД Скопје е основано и регистрирано во мај 2005 година, во согласност со Законот за трговски друштва и Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Компанијата работи во рамките на вториот и третиот столб на реформираниот пензиски систем односно со задолжителни и доброволни пензиски заштеди. На крајот на 2009 година КБ Прво пензиско друштво започна со доброволното пензиско осигурување или 3 столб, заштеда за пензии за компании и/или поединци.