Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Лична карта

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје  е основано и регистрирано во мај 2005 година, во согласност со Законот за трговски друштва и Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Компанијата работи во рамките на вториот и третиот столб на реформираниот пензиски систем односно со задолжителни и доброволни пензиски заштеди. На крајот на 2009 година КБ Прво пензиско друштво започна со доброволното пензиско осигурување или 3 столб, заштеда за пензии за компании и/или поединци.

Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови

Пензиски фондови:

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје

КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје

Надзорен одбор на друштвото:
  • Претседател и член – Аленка Жнидаршич Крањц
  • Член – Маја Стевкова Штериева
  • Член – Јанез Крањц
  • Член – Анита Бислимовска
  • Независен член – Душица Стевчевска Србиноска
  • Независен член – Миран Ковач
Управен Одбор на Друштвото:
  • Претседател и член на Управен одбор – Весна Стојановска
  • Член на Управен одбор – Иван Стојановиќ

Адреса: Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Сопственичка структура:

Датум на регистрација: 19 Мај 2005

Основна главнина: 110,5 милиони денари (1,8 милиони €)

Банка чувар на имот: Шпаркасе банка АД Скопје