Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Политика на приватност

ПОЛИТИКА на приватност и колачиња на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје (понатаму во текстот: Друштвото) во согласност со дејноста која ја врши, врши и обработка на лични податоци согласно важечките прописи во РС Македонија.

Друштвото се грижи за приватностa преку почитување на правото на приватност, почитување на начелата и одредбите за заштита на личните податоци и законска обработка на истите, употребувајќи бројни технички и организациски мерки.

Цели и правна основа за обработка на личните податоци

Личните податоци кои ги прибира Друштвото во улога на Контролор, а кои понатаму се предмет на обработка, ги собира и обработува единствено кога има законска причина, цел и правна основа. Законитоста се обезбедува доколку е исполнет најмалку еден од следните услови:

 

  1. Договор – во одредени случаи обработката на лични податоци на субјектите на лични податоци ќе биде потребна за исполнување на договор каде субјектот на лични податоци е договорна страна, или пак, за да се преземат активности на барање на субјектот на лични податоци пред пристапување кон склучување на договорот. На пример, при склучување на договор за членство во задолжителен/доброволен пензиски фонд, склучување на договор за професионална пензиска шема, склучување на договор за исплата на пензиски надомест и слично.
  2. Законска обврска – Друштвото во одредени случаи обработува лични податоци согласно законски обврски (Закон за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Закон за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Закон за данок на личен доход, Закон за работните односи и други важечки прописи) како што е на пример, кога воспоставуваме деловен однос со субјектот на лични податоци како клиент на Друштвото согласно закон, потврда на идентитет, идентификација и верификација на клиенти за целите на спречување перење пари, исполнување обврски за плаќање персонален данок на доход и друго.
  3. Согласност – Друштвото обработува лични податоци врз основа на согласност за обработка на лични податоци за одредени цели (на пр., за цели на директен маркетинг). Субјектите на лични податоци имаат право согласноста да ја повлечат во кое било време, на едноставен начин, по што веднаш ќе запре обработката на Вашите лични податоци за целта за која е дадена согласноста. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на податоците обработени пред повлекувањето на согласноста.
  4. Легитимен интерес – Друштвото во одредени случаи обработува лични податоци на субјектите на лични податоци за цели на легитимен интерес на Друштвото и тоа само во случаи кога легитимниот интерес превладува над правата и слободите на субјектот на лични податоци, како на пр., при проценка и оптимизирање на безбедносните процедури, ИТ системите, заштита на безбедноста и унапредување на системите за информатичко комуникациски технологии на Друштвото и друго.
Обем на обработка

Согласно регулативата, Друштвото во рамки на својата примарна дејност ги обработува личните податоци кои ги добива од клиентите при склучувањето и во текот на траењето на деловниот однос, односно од членовите на пензиските фондови со кои управува, наследници, корисници на пензија, агенти, вработени и други категории на субјекти на лични податоци, како и од правните лица со кои Друштвото има деловна соработка во рамки на доброволниот пензиски фонд. Воедно, Друштвото обработува лични податоци кои согласно регулативата ги добива од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија. Личните податоци опфаќаат, но не се ограничуваат на име, презиме, адреса, контакт податоци, датум и место на раѓање и државјанство, податоци кои се однесуваат на идентификација (на пр., копија/податоци од документот за лична идентификација), понатаму податоци на индивидуалните, доброволни индивидуални и професионални сметки на членовите и пензионираните членови на пензиските фондови, и др. Дополнително, Друштвото има обврска и да ги информира своите членови во врска со нивните права во однос на пензиското осигурување, како и за информации поврзани со нивниот статус во Друштвото, измените во законската регулатива, движењето на финансиските пазари, остварените приноси, наплатени надоместоци и за други информации во врска со пензискиот систем. При обработката на личните податоци, Друштвото користи соодветни технички и организациски мерки со цел обезбедување заштита на обработката на истите. Во таа насока, во Друштвото тековно се спроведуваат редовни внатрешни контроли, надворешни ревизии, оценување на ранливост и пенетрациски тестови со кои се утврдува и потврдува нивото на доверливост, сигурност, интегритет и расположливост на ИС и податоците кои се обработуваат во рамките на истиот. Роковите на чувањето на податоците кои се обработуваат се дефинирани согласно закон и интерни акти, а по истекувањето на роковите на чување, податоците се уништуваат согласно предвидените интерни процедури.

 

Друштвото се стреми да обезбеди што е можно поажурни податоци од субјектите на лични податоци со цел нивно навремено известување.

Овластени лица за обработка на лични податоци

Во однос на обработката на личните податоци, Друштвото издава посебни овластувања за обработка на истите на лицата кои имаат договорен деловен однос со Друштвото. Овие овластени лица, пред започнувањето со својата работа, а воедно и преку организирање на континуирани обуки се запознаваат со заштитата на обработката на личните податоци. Овластените лица своерачно имаат потпишано Изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Сервиси на Друштвото
Портал – Моја сметка

При користење на порталот за лична сметка, Друштвото од лицата кои се најавуваат ги собира следниве категории на податоци: корисничко име, лозинка (нечитлива форма), IP-адреса, датум и време на најава. Размената на податоците помеѓу порталот на Друштвото и лицата кои се најавуваат на порталот (на пример: корисничко име и лозинка) се одвива преку криптирана врска (https). Согласно закон, секој член и пензиониран член на фондовите со кои управува Друштвото, треба да добие соодветно корисничко име и лозинка за најава на порталот.

Контакт форма

Со користење на контакт формата, лицата до Друштвото ги доставуваат следните податоци: име и презиме, е-маил, телефон. Размената на податоците помеѓу веб-страната (контакт формата) на Друштвото и лицата кои ги внесуваат податоците во формата се одвива преку криптирана врска (https). Податоците кои ги обезбедува Друштвото преку оваа форма, ќе ги користи единствено за комуникација со доставувачот во врска со неговата порака.

Веб–комуникација (Web chat)

Овој сервис служи за добивање на општи информации во врска со пензискиот систем, информации за Друштвото, како и за добивање информации за статусот на лицата кои се членови во некои од фондовите со кои управува Друштвото. Податоците кои ги обезбедува Друштвото преку chat-от, ќе ги користи единствено за комуникација со доставувачот во врска со неговата порака.

Контакт телефон – 02/3243777

Овој сервис служи за добивање на општи информации во врска со пензискиот систем, информации за Друштвото, како и за добивање информации за статусот на лицата кои се членови во некои од фондовите со кои управува Друштвото. Сите повици воспоставени кон контакт телефонот на Друштвото се снимаат со цел контрола на квалитетот на услугата, како и подобрување на информираноста на членството.

Останати канали

Останати канали преку кои се собираат лични податоци се склучување на договори за членство во задолжителен пензиски фонд и склучување договори за членство и професионални пензиски шеми во доброволен пензиски фонд, како и сите придружни процеси во врска со членување во пензиските фондови, наследства, работни односи, вршење на агентски работи и други канали согласно регулативата.

Права на субјектите за заштита на личните податоци:

Според Законот за заштита на личните податоци, Вие имате права за кои треба да Ве информираме. Правата што Ви се достапни зависат од целта, односно причината за обработка на Вашите лични податоци. Повеќе информации за оваа тема можете да најдете на веб- страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk односно да поставите прашање до нашиот офицер за заштита на личните податоци или до надлежниот државен орган, односно регулаторно тело на info@privacy.mk. Во продолжение ќе ги најдете основните односно базичните информации во врска со споменатите права:

1. Право на информирање

Имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка.

2. Право на пристап

Имате право да побарате од нас копии од Вашите лични податоци. Имате право да добиете потврда од Друштвото дали се обработуваат Вашите лични податоци, пристап до личните податоци и информации за целите на обработка, категориите на лични податоци, корисници на кои се откриени, рок за чување и сл.

3. Право на исправка

Имате право да побарате од нас да ги исправиме информациите за кои мислите дека не се точни. Вие, исто така, имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите за кои мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.

4. Право на бришење

Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право се применува само под одредени услови согласно закон.

5. Право на ограничување на обработката

Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на Вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.

6. Право на повлекување на согласноста за обработка (барање да се прекине целосно со обработката) на обработката

Имате право да се спротивставите на обработката, односно да ја повлечете согласноста во случаите предвидени со важечките прописи од областа на заштита на лични податоци.

7. Право на преносливост на податоци

Вие имате право да побарате да ги пренесеме Вашите лични податоци од една во друга организација (контролор) или да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на Ваша согласност, или во процес за склучување договор во кој Вие сте договорна страна и доколку обработката е автоматизирана. Во врска со горенаведеното предвидени се одредени исклучоци согласно Законот за заштита на личните податоци.

8. Право да се жалите (Право на приговор)

Ние работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на Вашите лични информации, сепак, доколку имате какви било прашања или проблеми, контактирајте нè на contact@kbprvo.com.mk и ние ќе Ви одговориме.

Ако сепак, во кој било случај останете незадоволни и сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на Друштвото ги прекршува прописите за заштита на личните податоци, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци на info@privacy.mk.

Соодветните обрасци кои се однесуваат на правата на субјектите на лични податоци се достапни на веб-страната на Друштвото во делот „Документи за членовите“.

Профилирање

Друштвото не врши профилирање на субјекти на лични податоци за какви било цели.

Директен маркетинг

Друштвото може да врши директен маркетинг единствено по претходна согласност од лицата субјекти на лични податоци.

Колачиња (Cookies)

Cookies („колачиња“) се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на Вашиот компјутер односно уред при вашата следна посета на нашата веб-страна со што се овозможува побрз пристап. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на Cookies на Вашиот компјутер или на друг уред кој го користите со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според Вашите потреби и навики.

 

Сите информации кои се меморираат во рамките на Cookies ќе бидат искористени само за потребите на web-сајтот и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена односно компромитирана.

 

Со пристапувањето односно користењето на оваа веб-страница, се смета дека сте запознаени, т.е. се согласувате односно ги прифаќате одредбите наведени во Политиката за приватност на Друштвото.

Зошто користиме колачиња (Cookies)?

На нашата веб-страница користиме колачиња (Cookies) од следниве причини:

  1. За техничко функционирање на веб-страницата;
  2. За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  3. За да ги запомниме Вашите преференции за јазик;
  4. За да запомниме/да се потсетиме дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб-страница;
  5. Воедно собираме податоци за што користиме услуга од трета страна Google Analytics, да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да го открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб-страна;
  6. Се собираат колачиња за што се користи услуга од трета страна Facebook, за функционирање на дополнителниот модул за Live chat.

Кога ја посетувате нашата веб-страница, можеме да собереме и некои други информации односно  податоци од Вашето пребарување, како на пример: IP адресата, која содржина од веб-страницата на Друштвото сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб-страница сте биле пренасочени.

 

Кога ја посетувате нашата веб-страна, користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да го открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб-страна.

Каков вид на колачиња (Cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (Cookies), кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

 

При првото пристапување кон нашата веб-страница имате можност да се запознаете со видот на колачињата и со можноста да одберете какви колачиња ќе дозволите да се постават на Вашиот уред. За таа цел се појавува посебен прозорец (pop-up) со информации за колачиња.

 

Изборот на cookies исто така може да го правите преку опцијата – Cookie settings, на почетниот екран од веб-сајтот на Друштвото.

Информации како да ги оневозможите колачињата за сите веб-сајтови

Менито Help („помош“) во лентата со алатки на Интернет пребарувачот на Вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците:

    • Како да го спречите прифаќањето на нови колачиња во пребарувачот;
    • Како да го поставите пребарувачот да Ве извести кога ќе примите ново колаче;
    • Како целосно да ги исклучите колачињата.

Постојат многу онлајн информации за колачиња, како што е: www.allaboutcookies.org (на англиски јазик), во случај да сакате да прочитате повеќе.

На пример, ако користите Internet Explorer верзија 11.0, морате да го направите следново:

  • Изберете Settings, а потоа Internet Options;
  • Кликнете на табулаторот Privacy;
  • Со помош на лизгачкото мени изберете ги опциите што ги преферирате.
Видеонадзор

Друштвото не врши видеонадзор во ниту еден облик.

Давање на податоци на корисници на лични податоци

Во Друштвото пристап до личните податоци на субјектите на лични податоци имаат вработените во организационите единици во Друштвото на кои им се неопходни податоците за извршување на работните обврски, односно исполнување на договорните и законските обврски, или легитимниот интерес на Друштвото и истите се овластени за ваквата обработка на личните податоци на субјектите. Покрај ова, Друштвото споделува лични податоци за субјектите на лични податоци на корисници на лични податоци, односно државни органи, субјекти кои вршат јавни овластувања и институции (како на пр., Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Агенцијата за заштита на личните податоци, судски органи и др.), доколку постои законска основа за тоа. Воедно, Друштвото разменува лични податоци и со други пензиски друштва, чија дејност е управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.

 

Воедно, Друштвото доставува лични податоци до даватели на услуги кои ги користи, во следниве области: услуги на чување на средствата на пензиските фондови, услуги во информативна технологија, услуги на архивирање, печатарски услуги, советодавни и консултантски услуги, маркетинг и др. Личните податоци на давателите на услуги можат да им бидат доставени само врз основа на договор склучен со давателот на услуги и само доколку обезбедуваат гаранција за примена на соодветни технички и организациски мерки на начин на кој обработката на личните податоци ќе се одвива во согласност Законот за заштита на личните податоци.

Пренос на лични податоци во други земји

Дел од личните податоци што Друштвото ги собира за субјектите на лични податоци може да бидат пренесени во земји членки на Европската унија (ЕУ), земји членки на НАТО или Европскиот економски простор (ЕЕП), како на пример за користење на услуги од надворешни лица (даватели на услуги) од странство, за што Друштвото согласно регулативата ја известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а притоа продолжува да ги штити личните податоци со примена на соодветни заштитни мерки во согласност со прописите за заштита на личните податоци кои го уредуваат преносот на личните податоци.

 

Во случај да се јави потреба за пренос на личните податоци во други земји кои не се членки на ЕУ, НАТО и ЕЕП, Друштвото обезбедува заштита на Вашите лични податоци преку доследно почитување и примена на соодветни заштитни мерки за заштита во однос на обработката во врска со преносот, а во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

 

Серверите на веб-страницата КБ Прво пензиско друштво се во Република Северна Македонија со што не се врши пренос на личните податоци кои се собираат при посета на веб-страната на Друштвото.

Постапување во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци

Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, за што постои веројатност да предизвика штетни последици, односно претставува висок ризик за правата и слободите на физичките лица, Друштвото веднаш го известува субјектот на личните податоци за нарушувањето на безбедноста на личните податоци. Ако известувањето бара несразмерен напор, се врши јавно известување или се применува друга слична мерка со која субјектите на лични податоци ќе бидат подеднакво информирани на ефикасен начин.

Заштита на личните податоци при користење на Facebook

На нашата веб-страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет што на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.

 

Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.

 

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб-страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб-пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб-страница сте ја посетиле.

 

Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб-страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб-страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб-страница.

 

Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.

Заштита на личните податоци при користење на Instagram

На нашата веб-страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуелна платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите социјални мрежи.

 

Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.

 

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб-страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб-пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб-страница сте ја посетиле.

 

Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб-страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб-страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб-страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.

 

Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб- страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб-страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб-страница.

 

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк:

Заштита на личните податоци при користење на YouTube

На нашата веб-страница интегрирана е компонента на YouTube. YouTube е Интернет видеопортал кој овозможува бесплатно публикување на видеоклипови, како и бесплатно гледање, прегледување и коментирање на истите. YouTube Ви овозможува објавување на секаков вид на видеозаписи, при што може да имате целосен пристап до филмовите, ТВ-емисиите, музичките видеа, најави и видеа направени од корисниците преку Интернет порталот.

 

Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку YouTube.

 

Со секое повикување на една од одделните страници на оваа Интернет страница, со која управува контролорот и на која е интегрирана компонента на YouTube (видео на YouTube), автоматски се бара веб-пребарувачот на информацискиот систем на корисникот да ја преземе соодветната компонента на YouTube. Дополнителни информации за YouTube може да најдете на https://www.youtube.com/about/.

 

YouTube и Google ќе добијат информации преку компонентата YouTube дека субјектот на личните податоци ја посетил нашата веб-страница, доколку субјектот на личните податоци за време на повикот на нашата веб-страница е најавен на YouTube; ова се случува без оглед на тоа дали лицето кликнало видео на YouTube или не. Доколку субјектот на личните податоци не сака оваа информација да биде пренесена до YouTube и Google, треба да се одјави од сопствениот профил на YouTube пред да ја повика на нашата веб-страница.

 

Одредбите за заштита на личните податоци на YouTube, достапни на https://www.google.com/intl/en/policies/privacy/, обезбедуваат информации за собирање, обработка и употреба на личните податоци од YouTube и Google.

Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics

На нашата веб-страница, интегрирана е компонентата Google Analytics. Google Analytics е услуга за веб-анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб-страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб-страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer), како, колку често и колку долго трае посетата на веб-страницата. Веб-анализата главно се користи за оптимизирање на веб-страницата.

 

Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.

 

Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на корисникот. Дефиницијата за колачиња е објаснета погоре. Со поставување колаче, Google може да ја анализира употребата на нашата веб-страница. Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се: времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб-страница од страна на корисникот. Со секоја посета на нашата веб-страница, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи корисникот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица.

 

Со соодветно прилагодување на веб-пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб-страница, но и трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб-пребарувачот исто така, би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб-пребарувач или други софтверски програми.

 

Воедно, можете да преземете и да инсталирате додаток на веб-пребарувачот на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. Овој додаток на веб-пребарувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за Вашите посети на веб-страници. Инсталирањето додатоци на пребарувачот се смета за приговор кон Google. Ако Вашиот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб-пребарувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб-пребарувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.

 

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:

Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк:

Контакт податоци
Контролор КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

www.kbprvo.com.mk
contact@kbprvo.mk
02/ 32 43 777

Офицер за заштита на лични податоци во Друштвото
Андријана Зариоска

Е-mail:  andrijana.zarioska@kbprvo.com.mk
Контакт тел.: 02 5513 585

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување
Агенција за заштита на личните податоци

Оваа Политика влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе се применува почнувајќи од 01.08.2025 година. Оваа Политика, како и новите и/или изменети верзии на истата ќе бидат јавно објавени на веб-страната на Друштвото.

 

Со започнување на примената на оваа Политика престанува да важи Политиката на приватност и колачиња на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје бр. 02-6151/1 од 30.12.2022 година.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР

Весна Стојановска