КБ Прво пензиско друштво АД Скопје во мај, 2023 година одбележа 18 години како дел од реформираниот пензиски систем, а низата успеси ги прослави во Градскиот парк во Скопје на Школка, каде на 21.05.2023 година, се одржа настанот „Замени и засади” .

На настанот присуствуваа вработени, многу членови, пријатели и соработници заедно со своите семејства. Се одржа и интерактивна претстава за деца на тема екологија, имаше можност да се земе учество во спортски активности – скокање јаже, фудбал, пикадо, хокеј, а присутните уживаа и во музички настап на групата Рингтонс и диџеј Боби Сакс.
Посетителите на штандовите имаа можност да пополнат формулар за известување на член по пат на електронска пошта, со кој направија промена на начинот на кој што го добиваат својот годишен извештај за пензиска заштеда, што претставува клучна цел на кампањата.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mkтел. 02/ 32 24 229