КБ Прво пензиско друштво АД Скопје беше домаќин на забавен и едукативен настан кој се одржа на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје на 14.09.2024 година, собирајќи ги своите членови и заедницата на ден исполнет со забава и креативност, истовремено посветен на одржливоста и грижата за животната средина.
Иницијативата „Замени и засади“ ги охрабрува членовите да ги заменат хартиените извештаи за својата пензиска заштеда со известувања преку e-mail, а за секој член што направил промена, КБ Прво се обврзува да засади едно дрво, нагласувајќи ја посветеноста на намалување на употребата на хартија и заштита на животната средина.
Настанот привлече голем број посетители од сите возрасти, претворајќи го денот во вистински пример за тоа како забавата, едукацијата и еколошката свест можат да се спојат во едно.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mkтел. 02/ 32 24 229