Кампањата „Замени и засади“ на КБ Прво пензиско друштво со нова акција и пошумување на површина од 2 хектари со 5 000 садници.
По успешното финализирање на претходните две акции во склоп на кампањата „Замени и засади“ со пошумување на одреден предел, КБ Прво пензиско друштво оваа година во пределот Малешево, Беровско засади 5 000 садници, кои се од класата на зимзелени дрвја, односно црн бор. Садниците беа засадени на површина од 2 хектари, која во 2021 година беше зафатена со пожари.