Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Станете член

Кој може да стане член?

  • Сите лица кои се на возраст од 15 до 70 години и немаат остварено право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ниту, пак, се корисници на истата, односно лица кои не повлекуваат средства во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и не остваруваат пензиски надоместок во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.
  • Работниот однос не е предуслов за членување, па затоа членови можат да бидат и лица кои се невработени, вработени на проекти или во странски мисии, долгорочно невработени лица, лица кои немаат приходи по ниедна основа, лица за кои ќе биде уплатуван дополнителен пензиски придонес – брачни другари, членови на семејството и слично.
  • Вработени лица кои сакаат и можат дополнително да штедат за пензија, преку сопствени уплати на доброволен придонес, уплата на придонес од трето лице или придонес уплатен од работодавец за членство стекнато преку професионална пензиска шема.
*Член не може да биде лице кое е корисник на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кое повлекува средства во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување или остварува пензиски надоместок во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

Што е професионална пензиска шема?

Професионална пензиска шема

Професионалната пензиска шема претставува современ бенефит кој им овозможува на компаниите да обезбедат дополнителна финансиска сигурност за своите вработени по пензионирањето, истовремено зголемувајќи ја нивната лојалност и мотивација.

Професионална пензиска шема – производ во рамки на доброволното пензиско осигурување (трет столб) што ја организира и финансира работодавачот/здружение на граѓани за своите вработени/членови, со цел да им овозможи финансиска бенефиција во форма на пензиски надоместок, односно  дополнителна пензија покрај редовната пензија.

Договор за организирање професионална пензиска шема во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје може да склучи работодавач или здружение на граѓани со седиште во Република Северна Македонија. Потпишува договор со КБ Прво пензиско друштво АД Скопје кое го избрал да управува со доброволниот пензиски фонд.

Работодавачот ги дефинира правилата на професионалната пензиска шема. Тој ја организира, финансира, одлучува за висината и фреквенцијата на придонесите кои ќе се уплаќаат, за бројот на вработени кои ќе учествуваат во шемата и сл.

Секој учесник во професионалната пензиска шема потпишува изјава за согласност за учество во професионална пензиска шема и ја доставува до работодавачот.

Пензиската шема претставува добитно решение и за двете страни:

  • Работодавачот добива мотивиран и лојален тим.
  • Вработените добиваат поголема идна финансиска сигурност и поголема лојалност кон работодавачот.

Зошто е одличен производ за работодавачот?

  1. Задржување и привлекување квалитетен кадар – организирањето на пензиска шема ја зголемува конкурентноста на компанијата на пазарот на трудот.
  2. Зголемена лојалност и мотивација на вработените
    Се дава поголема вредност на компанија која размислува и инвестира во долгорочна финансиска сигурност на кадарот.
  3. Даночни олеснувања
    Уплатите на придонеси во доброволен пензиски фонд се признаваат како даночно признат расход од аспект на Данокот на добивка, во висина до две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во РСМ.
  4. Перцепција на компанијата како општествено одговорна – компанија која се грижи за своите вработени. Истото го подобрува нејзиниот корпоративен имиџ.

Зошто е важен овој прозвод за вработените кои се вклучени во професионалната пензиска шема?

  1. Дополнителна пензија
    Освен задолжителното пензиско осигурување, со вклученост во пензиска шема вработените добиваат добиваат дополнителен извор на приходи во пензија.
  2. Сопственост на средствата
    Средствата остануваат во сопственост на вработениот и во случај кога ќе направи промена на работодавачот и истите се наследни.
  3. Навики за штедење и инвестирање
    Автоматските редовни уплати создаваат финансиска дисциплина и ги поттикнуваат вработените да станат индивидуални членови на третиот столб и самостојно да инвестираат за пензиски надоместок.
  4. Уплатените средства се инвестираат и остваруваат континуиран принос за членовите.

Со воспоставувањето на професионална пензиска шема, компаниите инвестираат во долгорочната благосостојба на своите вработени и стабилна основа за одржлив раст и развој.

Затоа, контактирај нè и инвестирај во иднината на твојот тим.

Придружи се на преку 2 800 компании*, кои во моментот имаат склучени договори за пензиска шема со КБ Прво пензиско друштво, за над 11 000 свои вработени.

Договори термин за состанок со нашиот тим за продажба на тел: 02 324 3777 и електронски на: contact@kbprvo.com.mk !

 

*Извор: КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

За повеќе информации прочитај тука

Како да станете член на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд?

  • Потпишете договор за членство со овластен агент на Друштвото и со првата уплата на доброволниот придонес ќе се стекнете со статус на член;
  • Потпишете договор за членство со овластен агент на Друштвото и друго лице кое ќе ја финансира Вашата доброволна индивидуална сметка и со првата уплата ќе се стекнете со статус на член;
  • Потпишете изјава за согласност во професионална пензиска шема што ја организира и финансира Вашиот работодавец и со првата уплата на доброволен придонес на Вашата професионална сметка ќе се стекнете со статус на член;
Напомена: Организирањето на професионална пензиска шема од страна на Вашиот работодавец и Вашето вклучување во неа е одлука на Вашиот работодавец.

Како да потпишете договор за членство?

  • Дојдете во просториите на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје или посетете некое од нашите продажни места;
  • Јавте се на 02/ 32 43 772 или 02/ 32 43 777 и наш овластен агент ќе Ве посети во време и место кое Вам најмногу Ви одговора;
  • Пополнете online барање и во најбрз можен рок ќе Ве контактира лице од КБ Прво пензиско друштво;

Како можете да вршите уплата на доброволен пензиски придонес?

  • Со директна уплата во банка од Вашата трансакциска сметка;
  • Со уплата од трансакциска сметка на трето лице – уплатувач, во случај кога трето лице ќе врши уплата на доброволен пензиски придонес на Вашата доброволна индивидуална сметка*;

* Уплатувач не смее да биде лице кое е корисник на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кое повлекува средства во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување или остварува пензиски надоместок во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

  • Со траен налог во банка;
  • Преку интернет-банкарство на Комерцијална банка АД Скопје или други банки;
За професионални пензиски шеми уплатата ја врши работодавецот од неговата трансакциска сметка.

Вашата сигурност

Сигурноста на средствата на членовите на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје управуван од КБ Прво пензиско друштво, како дел од реформираниот пензиски систем е гарантирана од повеќе аспекти:

  1. Стручноста, искуството, големината и реномето на основачите на КБ Прво пензиско друштво кое управува со Вашите средства, Ви даваат дополнителна гаранција и сигурност за негово успешно работење при управувањето со фондовите.
    • Комерцијална банка АД Скопје со своето долгогодишно успешно работење и водечка позиција во банкарскиот систем во Република Северна Македонија повеќекратно потврдувана со меѓународни награди од финансиски институции и списанија.
    • Прва покојнинска дружба д.д. Љубљана, на 6.11.2007 година реорганизирана во Skupina Prva zavarovalniski holding d.d. Ljubljana** , има  повеќегодишно директно искуство во пензиското осигурување и  го шири своето работење во задолжителното и доброволното пензиско осигурување во земјите од Југоисточна Европa.
  2. Професионално управување со Вашите средства, за нивна сигурност и остварување на принос. Со Вашите средства управува високопрофесионален, стручен и искусен тим, вложувајќи ги Вашите средства во сигурни финансиски инструменти во согласност со законските прописи, што овозможува сигурност и принос на вложените средства.
  3. Инвестирање на Вашите средства во согласност со строги законски прописи со цел остварување на највисок принос единствено во полза на членовите и пензионираните членови и преку диверзификација и финансиска анализа да се минимизира ризикот од загуби. Средствата на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје се инвестираат под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, а Банката чувар на имот безбедно ги чува одвоено од средствата на Друштвото.
  4. Средствата на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје, во согласност со закон, не може да се користат во постапка на порамнување или стечај на Друштвото, да се даваат во залог, асигнација или да се пренесуваат во полза на трети лица, освен во случаи што се стриктно наведени со Законот.
  5. Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС е основана поради вршење супервизија на работењето на друштвата за управување со пензиските фондови и на пензиските фондови со крајна цел да ги заштити интересите на нивните членови. Исто така, МАПАС врши супервизија на работењето на чуварите на имот и на странските менаџери и ги надгледува нивните финансиски извештаи во согласност со важечките закони и регулативи. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување има својство на правно лице и за својата работа одговара пред Собранието на Република Северна Македонија.

Премин од друг доброволен пензиски фонд

Секое лице кое ќе сака да премине од друг доброволен пензиски фонд во Доброволниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, треба да потпише договор за премин со лиценциран агент на Друштвото и Изјава за согласност за премин од еден во друг доброволен пензиски фонд.

Исто така, треба  да се плати и надоместок за премин (доколку осигуреникот треба да го плати овој надоместок во согласност со членот 117 став 1 точка в) од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување).

Прецизни информации за потребата од плаќање на надоместокот за премин, неговата висина и начин на уплата се добиваат од пензиското друштво кое управува со постојниот Доброволен пензиски фонд што осигуреникот сака да го промени.