Член на Задолжителен пензиски фонд стекнува право на старосна пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, односно со возраст од 62 години за жени и 64 години за мажи и минимум 15 години пензиски стаж.
Кога член ќе стекне право на старосна пензија, целиот износ на акумулирани средства на неговата сметка може да се искористи, со право на личен избор на членот за:
Пензискиот ануитет и комбинацијата од програмирани повлекувања и пензиски ануитет ќе започнат да се применуваат кога ќе биде издадена првата дозвола за вршење на работи на осигурување во класата на ануитети и исплата на ануитети.
Постапката за остварување право на старосна пензија започнува со поднесување на барање на членот на Пензискиот фонд за остварување право на старосна пензија до Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (во понатамошниот текст: Фонд на ПИОСМ). По спроведената постапка Фондот на ПИОСМ доставува копија од донесеното решение со кое се признава или не се признава право на старосна пензија до Пензиското друштво кое управува со Пензискиот фонд каде што членува подносителот на барањето. Член на Пензиски фонд кој има индивидуална сметка во Пензиски фонд поднесува барање до Пензиското друштво кое во негово име започнува со котација во Центарот за котација. Во барањето членот определува кои видови на исплати на пензија треба да бидат вклучени во котацијата. Откако ќе заврши периодот за котација, се подготвува збирна табела со сите добиени понуди за членот на Пензискиот фонд. Членот има право да одбере понуда од наведените понуди во збирната табела во период од 30 дена на важност на понудите. Во зависност од тоа која понуда ќе ја одбере членот, склучува договор со Пензиското друштво чија понуда ја прифатил, со Друштвото за осигурување чија понуда ја прифатил или и со Пензиското друштво и Друштвото за осигурување чии понуди ги прифатил.
Член на Задолжителен пензиски фонд кој не остварил право на старосна пензија во Фондот на ПИОСМ, поради неисполнување на законските услови, барањето за остварување право на пензија само од Втор пензиски столб го поднесува само до Пензиското друштво кое управува со Пензискиот фонд каде тој е член. Барањето за остварување право на пензија само од Вториот пензиски столб се поднесува по наполнување на 65 години на живот. Членот на Пензискиот фонд е потребно да приложи и изјава заверена на нотар дека се откажува од правото на пензија од Прв пензиски столб и правото на најнизок износ на пензија. Членот на Пензискиот фонд може да избере меѓу:
Во случај кога починат член на Задолжителен пензиски фонд нема членови на семејството кои имаат право на семејна пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, средствата од сметката на тој член стануваат дел на оставинската маса на оставителот и со тие средства се постапува во согласност со Законот за наследување. Дотогаш сметката на членот останува отворена и тие средства се претвораат во сметководствени единици и се инвестираат на еднаков начин како и другите средства на Задолжителниот пензиски фонд, од страна на Друштвото. По извршениот пренос на средствата, Друштвото ја затвора индивидуалната сметка на починатиот член.
Во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, членовите на задолжителните пензиски фондови имаат право на користење на средствата од индивидуалната сметка, и тоа како:
Кога членот ќе исполни услови за старосна пензија има право на:
Начинот на користење на средствата по исполнувањето на условите за старосна пензија претставува личен избор на членот.
По исклучок, до примената на Законот за исплата на пензија преку ануитети или програмирани повлекувања, кога член на задолжителен пензиски фонд ќе стекне право на старосна пензија според Законот за пензиското и инвалидското осигурување, може да го повлече целиот износ од неговата индивидуална сметка.
Кога членот ќе исполни услови за инвалидска пензија:
Доколку акумулираните средства на член на задолжителен пензиски фонд се повеќе од износот потребен за исплата на инвалидската пензија, членот на пензискиот фонд може да избере едно од правата (купување на ануитети, програмирани повлекувања или комбинација од двете опции) што може да ги користи членот што ќе оствари право на старосна пензија.
Доколку, пак, членот или времено распределениот осигуреник стекне право на времена инвалидска пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, времената инвалидска пензија се исплатува од Фондот на ПИОСМ, а средствата на индивидуалната сметка на членот остануваат во Задолжителниот пензиски фонд сè додека членот не оствари право на старосна, инвалидска или семејна пензија.
Во случај на смрт на членот: