* Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд.
Појаснување:
Надоместок од придонес – се наплатува како процент од секој уплатен придонес во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, пред претворање на средствата во сметководствени единици.
Месечен надоместок од вредноста на нето средства на Фондот – пресметката на надоместокот се врши на секој датум на проценка на средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и се наплатува петтиот работен ден во месецот по проценката
Надоместокот за премин се наплатува само при премин во друг задолжителен пензиски фонд и е определен врз основа на бројот на денови од датумот кога членот се стекнал со статус на член во постојниот пензиски фонд до датумот на пренос на средствата на индивидуалната сметка во идниот задолжителен пензиски фонд.
Надоместокот што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го наплаќа од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и надоместокот за работите што ги врши чуварот на имотот се на товар на Друштвото.
Извор: КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
Трансакциски провизии се надоместокот за берза на хартии од вредност, надоместокот за депозитар на хартии од вредност и провизијата за правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност непосредно поврзани со тргување со средствата на задолжителните пензиски фондови.
1,2,3 извор www.mapas.mk