Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Согласно измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (Сл. весник бр. 245/2018) извршена е промена која се однесува на влезниот критериум за зачленување во задолжителните пензиски фондови.[:]

Согласно измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (Сл. весник бр. 245/2018) извршена е промена која се однесува на влезниот критериум за зачленување во задолжителните пензиски фондови.[:]

Известување

 

Согласно измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (Сл. весник бр. 245/2018) извршена е промена која се однесува на влезниот критериум  за зачленување во задолжителните пензиски фондови.

Сите осигуреници кои прв пат ќе пристапуваат во задолжителното пензиско и инвалидско   осигурување по 1 јануари 2019 година и доколку на датумот на пристапување  се помлади од 40 години должни се да се зачленат во вториот пензиски столб.

За родените пред 1 јануари 1967 година , а се вработени за првпат од  1.1.2003 година членството им престанува во задолжителниот пензиски фонд на 1 јануари 2019 година и нивните средства  во рок од 6 месеци согласно Закон  ќе бидат префрлени во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, а осигурениците остануваат членови само во тековно финансирано пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност.

Лицата родени пред 1 јануари 1967 година , а вработени пред 1.1.2003 година имаат право да изберат дали ќе го прекинат или продолжат членството во вториот пензиски столб  со пополнување на изјава преку овластено лице од Друштвото или Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС  најдоцна до 30 Септември 2019 година. Доколку дотогаш не се изјаснат нивното членство престанува во задолжителниот пензиски фонд заклучно со 30 Септември 2019 година и средствата се пренесуваат во Фондот на ПИОМ .

На 1 јануари 2019 година од членството во задолжителен пензиски фонд се исклучени сите категории на осигуреници кои имаат бенефициран стаж и нивните средства  во рок од 6 месеци согласно Закон ќе бидат префлени во Фондот на ПИОМ.

За дополнителни информации Ве молиме да се обратите на телефонските броеви во Друштвото 02/3243-777 и 02/3243-772.

 

Со почит,

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

 

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов