Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 
КОМЕНТАР НА СЛУЧУВАЊАТА НА СВЕТСКИТЕ ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ

[:Mk]

Фактот дека коронавирусот COVID-19 стана глобална закана придонесе за  слободен пад на берзите во месец март. Судејќи според развојот на финансиските пазари, вирусната инфекција влијаеше практично на целиот свет, а интензитетот на падот на светските берзански индекси е еден од најголемите во историјата на светското берзанско работење.  За да се ублажат негативните влијанија врз економијата, владите и централните банки презедоа релативно одлучни чекори кон фискален и монетарен стимул, што до денес, немаше голем ефект, со оглед на одговорот на финансиските пазари.

Централната банка на САД – ФЕД ја намали клучната каматна стапка двапати оваа година и сега таа е  практично нула, а Европската централна банка воведе бројни стимулативни мерки на последниот состанок.  Земјите кои се најпогодени од вирусот веќе најавија финансиски мерки за да ги ублажат ефектите на економијата предизвикани од  вирусот.

Се очекуваат координирани фискални мерки во областа на намалување на даночните оптоварувања, бескаматни кредити на компаниите па дури и директна распределба на пари која станува реалност во САД. Ова значи дека секој Американец (со исклучок на најбогатите) ќе добие чек што треба да му послужи за непосредна потрошувачка, а со тоа и за стимулирање на економијата. Владата на РСМ заедно со Централната банка објавија сет на мерки за подршка на економијата од големиот удар кој почнува да го нанесува коронавирусот и прогласувањето на вонредна состојба.

И покрај фактот дека сите овие мерки се подготвуваат со цел да се забрза економското закрепнување по успешно сузбивање на ширењето на коронавирусот, финансиските пазари во моментов се полни со конфузија и неизвесност. Факт е дека ефектите од мерките ќе се почувствуваат подоцна, кога ќе се смири ситуацијата во врска со ширењето на вирусната инфекција.

Во актуелната состојба, клучно е да имаме предвид дека и во минатото, повеќе пати сме биле сведоци на слични падови на светските финасиски пазари, но пазарот секогаш се враќал на претходните нивоа – и ги надминувал.

Затоа, во вакви околности важно е да бидеме убедени дека при долгорочно инвестирање како што е инвестирањето во пензиски фондови, времето работи во наша корист. Ова би значело дека колку е подолг периодот за инвестирање толку е поголема веројатноста за остварување на очекуваниот принос.

Тимот на КБ Прво Пензиско Друштво е составен од професионалци со долгогодишно искуство од областа на инвестирањето и управувањето со ризици кои на дневна основа ги следат сите светски и домашни движења на пазарите. Портфолијата на Фондовите со кои управува Друштвото се диверзифицирани во различни инструменти се со цел заштита на средствата и раст на истите.

Со почит,

Горан Мартиновски

Раководител на Сектор за управување со средствата

КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје

[:Al]

Раководител на секторот за инвестирање

КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје

КОМЕНТАР НА СЛУЧУВАЊАТА НА СВЕТСКИТЕ ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ

[:en]

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов