Известување за работно време на КБ Прво Пензиско друштво и продажната мрежа
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека КБ Прво пензиско друштво, согласно последните измени на работното време од 23ти март, приемот на странки го врши во временски интервал од 08.00 до 13.00 часот, секој работен ден од понеделник до петок.
Воедно, остануваме достапни на три мобилни линии (075 202 919, 075 202 917 и 078 301 522), секој работен ден од понеделник до петок од 08.00 до 16.00 часот.
Согласно препорачаните мерки за претпазливост како и поставените ограничувања за движење на сите граѓани на Република Северна Македонија, апелираме до Вас да ги минимизирате посетите и контактите со нашите агенти, вработени и продажната мрежа, освен при неопходни потреби.
Ве охрабруваме во следниот период да ги користите електронските канали за комуникација со нас.
Дополнително, ве информираме дека ново работно време од 08.04.2020 година имаат и нашите продажни места.
За истите може да се информирате на следните линкови:
Да останеме безбедни, а сепак поврзани!
#ЗаштитиСе #СедиСиДома #ПоврзаниДоЦелта
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел:02/3224 229