СООПШТЕНИЕ
Соопштение за членовите со бенифициран стаж
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува пошироката јавност дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 20 мај 2021 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 20 август 2021 година.
Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 20 август 2021 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ).
Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/3224 229.
За сите дополнителни прашања, Друштвото Ви стои на располагање на телефонскиот број за контакт 02/3243 777 или пишете ни на contact@kbprvo.com.mk .