СООПШТЕНИЕ
Весна Стојановска останува Претседател и член на Управниот Одбор на КБ Прво
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС на седницата одржана на 27.04.2021 година даде одобрение за реизбор на Весна Стојановска за член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Согласно одлука на Надзорниот одбор на Друштвото, таа е повторно избрана за Претседател и член на Управниот одбор.
Со носење на оваа одлука на Весна Стојановска и се доделува нов мандат во времетраење од 4 години на позицијата Претседател и член на Управниот Одбор до 2025 година.
Весна Стојановска, своето професионално искуство во КБ Прво Пензиско Друшто АД Скопје го започнува во 2005 година, како финансиски раководител на Друштвото. Во 2016 година, на Весна Стојановска и ја доверуваат улогата на Претседател и член на Управниот Одбор на КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје. Посветената примена на своето искуство во пензиски системи, финансии, анализи и успешното корпоративно управување во периодот на првиот мандат овозможија остварување на висок и пред се стабилен принос за членовите во двата фонда.
И покрај тешките околности за работа во последната година, со квалитетниот пристап на раководење Друштвото прослави во 2020 година, 15 години постоење на македонскиот пазар, време во кое друштвото посветено и доследно ја вршеше својата важна улога во општеството. Изминатите 15 години, според објавени податоци од МАПАС, заклучно со 31.12.2020 година, 265.351 членови го доверија управувањето на своите пензиски заштеди во задолжителниот, втор пензиски столб на КБ Прво пензиско друштво и заклучно со 31.12.2020 нето средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје изнесуваа 45.638,47 милиони денари. КБ Прв Отворен Задолжителен пензиски фонд има доминантно пазарно учество од 52,3% што зборува и за нето пораст на број на членови од 6.953 од минатата година. Додека, според објавените податоци од МАПАС, 14.951 граѓани се зачленија во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-Скопје и висината на средствата во истиот заклучно со 31.12.2020, изнесува 1.154,52 милиони денари.
КБ Прво пензиско друштво АД СКопје произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Северна Македонија и негова основна дејност е управување со пензиските фондови. Оваа година го прослави 16тиот роденден, и во моментов во него работат 30тина вработени.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229