Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

КБ Прво Пензиско Друштво во склоп на кампањата “Замени и засади” посади 2500 садници

КБ Прво Пензиско Друштво во склоп на кампањата “Замени и засади” посади 2500 садници

Скопје, 29.11.2021г. – КБ Прво Пензиско Друштво, во склоп на кампањата “Замени и засади”, на 25-ти ноември засади 2500 садници во пределот на местото Пезово, Кумановско.

“Замени и засади” е кампања која започна на 7 Јули, преку која КБ Прво Пензиско Друштво ги охрабри своите членови да го заменат зелениот плик за добивање на својот годишен извештај за комплетен увид на состојбата на својата сметка со добивање на извештајот преку електронска пошта, сè со цел подобрување на животната средина со пошумување на региони сиромашни со дрвја. Секој еден од членовите кој го заменил хартиениот зелен плик со добивање на електронски извештај е вклучен во акцијата, а компанијата за секоја една замена ќе засади по едно дрво.

Овој прв циклус од кампањата се финализира со озеленување на 1 хектар непошумен дел во потегот од Куманово кон Свети Николе, со дрвја од видот чемпрес, како растение кое е најпогодно за овој предел со сиромашна и сува почва.

“KБ Прво Пензиско друштво е компанија која во својот фокус го има одржливиот начин на работа и посветено работи кон подобрување на заедницата. Кампањата “Замени и засади” е токму таква активност со која заедно со нашите членови сакаме да придонесеме кон подобра животна средина за нашите граѓани. Драго ни е што и нашите членови ja препознаваат оваа наша компаниска мисија и се вклучуваат во акцијата во се поголем број. ” изјавија од KБ Прво Пензиско друштво.

Во рамките на мисијата насочена кон општествена одговорност, при управување со средствата на своите фондови, КБ Прво применува одговорно инвестирање, познато како ESG инвестирање, тренд во светски рамки, со цел да се обезбеди најдобар интерес во корист на целокупното општество.

Друштвото продолжува и понатаму со кампањата “Замени и засади” и ги повикува своите членови кои сакат да го заменат зелениот плик со известување по пат на електронска пошта и да се вклучат во акцијата за зачувување на животната средина, да го направат тоа со пополнување на формулар за регистрација и доставување на истиот по пошта до КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, на адреса Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје или лично во кое било од продажните места на КБ Прво.

Сите заинтересирани членови можат да погледнат детални инструкции за вклучување во акцијата на следниот линк.

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов