Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Весна Стојановска, Генерален Директор на КБ Прво избрана меѓу 20-те најуспешни жени менаџерки

Весна Стојановска, Генерален Директор на КБ Прво избрана меѓу 20-те најуспешни жени менаџерки

На 28.05.2022, (сабота) се одржа Марили Бизнис форумот под насловот „Современа бизнис раскрсница“  на кој учество зедоа неколку стотици жени-менаџери од земјава и регионот

Традиционално изборот се врши во организација на Агенцијата Марили, од каде беа промовирани 20-те најуспешни жени менаџерки со доделување статуетки „Жена водилка“.

Меѓу најуспешните и најдобрите 20 жени менаџерки оваа година, со престижната награда се закити и Весна Стојановска, Генерален директор на КБ Прво Пензиско Друштво.

Весна Стојановска како Претседател и член на УО на КБ Прво пензиско друштво од 2016 година е посветена на примената на своето искуство и заложба во одржување на лидерската позиција на Друштвото на пазарот на пензиски фондови како и за имплементирањето на концептот на одговорно инвестирање, познато и како ESG- светски тренд кон кој се стремат пензиските фондови во сите развиени земји.

Со гордост ја потенцира и пионерската улога на фондовите со кои управува Друштвото во примената на одговорното инвестирање што опфаќа инвестирање во инвестициски фондови што инвестираат во компании што се грижат за животната средина, општеството и доброто корпоративно управување, но зборува и за тоа од што зависи напредувањето во кариерата и што сѐ влијае жената да се движи во нагорна линија во својот професионален живот. Балансот помеѓу семејните и професионалните обврски, а воедно и безрезерната поддршка од тимот со кој раководи се само поттик до поголеми заеднички успеси кон водење на Иднината,денес.

КБ Прво Пензиско Друштво произлезе од реформите во пензискиот систем во земјава, и изминативе 17 години успешно се позиционира на пазарот на управување на пензиски фондови и во моментов брои 30-тина вработени.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229

Нема коментари

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР