КБ Прво Пензиско Друштво со спонозорство на музичкиот проект МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески
КБ Прво пензиско друштво кон крајот на месецот ќе биде горд спонзор и поддржувач на еден од најзначајните културни настани во нашата земја – македонската премиера на интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО.
Во изведба на квинтет предводен од познатиот македонски пијанист од светски рамки Симон Трпчески заедно со уште неколку познати музички имиња, овој проект ќе го претстави албумот „МАКЕДОНИСИМО“, кој во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ стана прочуен ширум светот.
Публиката ќе има можност да ужива во репертоар од повеќе од 20 нумери, преработки на најубавите македонски песни и ора, кои на оригинален начин ја спојуваат македонската традиционална музика со влијанијата на џезот и класичната музика, обработени од страна на композиторот Панде Шахов.
Овој уникатен проект ја имаше својата светска премиера пред пет години на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија, каде со извонредниот музички материјал успеа да ги освои светските музички меридијани.
Премиерата на проектот за македонската публика ќе се одржи на 14-ти Септември на платото пред Националната опера и балет во Скопје, по што ќе се изведе и во Штип на 25-ти Септември, а ден подоцна и во Битола.
Сите три изведби, публиката ќе може да ги проследи бесплатно, а со оваа домашна турнеја ќе се одбележи и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист.
КБ Прво го препознава значењето на музичките настани врз целокупниот културен живот во нашата земја, и верувајќи дека поддршката на културата има особено значење за општеството со огромна чест и задоволство изразува поддршка на проектот, кој е огромно богатсво за земјата.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229