Oд 23 до 25 ноември годинава ќе се одржи шестото издание на Деновите на финансиската писменост
Од 23-ти до 25-ти ноември годинава ќе се одржи шестото издание на Деновите на финансиската писменост коишто ги организираат финансиските регулаторни институции, во соработка со приватниот финансиски сектор.
За Деновите на финансиска писменост, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС и пензиските друштва се фокусираат на активности за подигање на свесноста кај граѓаните и фирмите за доброволното пензиско осигурување или познато како трет пензиски столб.
Повеќе информации на следниов линк: https://mapas.mk/soopshtenie-za-denovi-na-finansiska-pismenost-2022/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229.