ПРЕСТИЖНА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА „НАЈДОБАРА ПАСИВНА ИНВЕСТИЦИОНА СТРАТЕГИЈА 2022
Со посебно задоволство објавуваме дека на овогодинешниот настан за награди на европските пензиски фондови одржан од страна на IPE во Ротердам – Холандија, КБ Прво е добитник на престижната награда „Best Passive Investment Management“.
Оваа награда е резултат на посветеноста на целиот тим на КБ Прво пензиско друштво, но воедно и признание за реформираниот пензиски систем во земјава.
„Многу добро структуриран пристап за инкорпорирање на максимално дозволената изложеност на странски акции на трошковно ефикасен начин, генерирајќи атрактивни приноси“ – гласи изјавата на еден од главните судии.
IPE (Investment & Pensions Europe) е водечка европска публикација за институционални инвеститори и пензиски фондови чии податоци и информации ја даваат најавторитетната слика за пензиските средства ширум континентот.
Продолжуваме кон нови успеси!
За подетални информации околу наградата и самиот настан посетете го линкот:
https://ipe.swoogo.com/awards-2022/winners2022