Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

КБ Прво со донација во детска градинка Гоце Делчев во Прилеп

КБ Прво со донација во детска градинка Гоце Делчев во Прилеп

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на 22.12.2022 година (четврток), реализираше уште еден успешен настан од доменот на општествена одговорност.

На иницијатива на Амбасадата на Република Словенија, друштвото донираше креветчиња, душеци и постелнини кои беа неопходни за подобрување на условите во бебешкиот оддел „јасли“ во градинката Гоце Делчев – Прилеп која е клон на Јавната општинска установа за деца Детска градинка Наша Иднина Прилеп.

Со оваа активност Друштвото уште еднаш ја потврди својата заложба и грижа за заедницата. Во 2023 година одбележуваме 18 години постоење на пазарот за пензиско осигурување и нашето Друштво е едно од првите учесници во реформираниот пензиски ситем,  чија сопственичка структура е составена од Прва Завораволински Холдинг ДД Љубљана и Комерцијална Банка АД Скопје. Од 2021 година фокусирани сме и на одговорно инвестирање или ESG инвестирање, и ги насочивме своите активности да се реализираат на начин кој ќе биде од корист за заедницата во која функционираме. Одговорното инвестирање, познато и како ESG, опфаќа грижа за животната околина, општеството и корпоративното управување на компаниите. Вредно е да споменеме дека годинава се закитивме со награда за Најдобра пасивна инвестициска стратегија за 2022 година, доделена во Ротердам Холандија од IPE- изјави Весна Стојановска Генерален директор на КБ Прво

На настанот беа присутни Амбасадорот на Словенија, Градоначалникот на Општина Прилеп, претставници од градинката како и останати гости.

Задоволството и радоста не изостануваше и кај сите присутни. Својата благодарност дечињата ја изразија преку своите изведби на организираната приредба.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Нема коментари

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР