ИНВЕСТИЦИСКАТА СТРАТЕГИЈА НА КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО ГО ВНЕСЕ ВО ДРУШТВОТО НА НАЈГОЛЕМИТЕ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ ВО ЕВРОПА
Интервју со Горан Мартиноски Раководител на сектор за управување со средства.
Објавено на порталот Пари (www.pari.com.mk) на 28.12.2022 година
Горан Мартиноски е член на Инвестицискиот одбор на КБ Прво Пензиско Друштво, со 16 годишно искуство во областа на инвестирањето и финансиските пазари, од кои повеќе од 10 години на местото Раководител на сектор за управување со средства.
Неговото професионално искуство вклучува вештини во стратешко планирање и тактичко извршување, управување во мултимилионски средства на фондови, алокација на средства, пензиско советување, инвестициско советување, финансиска анализа, буџетирање, макроекономски анализи и сл.
Во интервјуто за „Пари“, Мартиноски зборува како КБ Прво пензиско друштво стана добитник на престижната европска награда „BestPassiveInvestmentManagement“, што е најбитно кај инвестиционата стратегија, како и стратешката одлука за изложеност во странски акции и удели да биде блиску до максималниот лимит од регулативата се покажала како клучна за резултатите кои се постигнати во изминатиов период.
Пари: На овогодинешниот настан за награди на европските пензиски фондови одржан од страна на IPE во Ротердам ‒ Холандија, КБ Прво пензиско друштво е добитник на престижната награда „BestPassiveInvestmentManagement“.Што поточно значи оваа награда и за што се добива?
Мартиноски: Наградата претставува признание на нашата досегашна работа и резултатите кои се остварени во изминативе 17 години. Ова е признание за инвестициската стратегија која ја користиме во управување со средствата на пензиските фондови. Да се добие награда за инвестициска стратегија во конкуренција на многу пензиски фондови во Европа е потврда дека во континуитет користиме стратегија која дава резултати за нашите членови. Особено е значајно за нас дека во образложението на наградата беа препознаени трите столба на кои се базира стратегијата. Нашата инвестициска стратегија следи пасивен принцип на реплицирање на глобален индекс кој е широко диверзифициран и ги опфаќа најголемите компании во САД, Европа, Азија,регионот Пацифик и државите во развој. Второ, означува дека одлуката за структурата на портфолиото во која целосно се искористуваат лимитите за инвестирање во странски акции (ЕТФи) и, финално, инкорпорирањето на одговорно инвестирање (ЕСГ) во делот со странски хартии од вредност со користење на т.н. „метод на таргетирање“,кој е уникатен и креиран од тимот на КБ Прво пензиско друштво.
Целосниот текст прочитајте го тука