Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува пошироката јавност дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 58-a од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 20 април 2023 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 20 јули 2023 година.

Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до овој рок не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 21 јули 2023 година. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ). Членовите кои нема да го остварат правото на избор остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе остварат пензија.

Нема коментари

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР