ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНА НА СТАТУТОТ НА КБ ПРВ ОТВОРЕН ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД – СКОПЈЕ
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје изврши измени на Статутот на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје со кој управува.
Измената на Статутот на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје се однесува на намалување на надоместокот од уплатените придонеси на КБ Прв отворен задолжителен пензиски – фонд Скопје.
Сите заинтересирани лица можат да извршат увид во Статутот на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје на интернет страната на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје (www.kbprvo.com.mk).
Со почит, КБ Прво пензиско друштво АД Скопјe
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229