Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Осмо издание на Деновите на финансиската писменост 26 -28 ноември 2024 година

Осмо издание на Деновите на финансиската писменост 26 -28 ноември 2024 година

Од 26 до 28 ноември годинава ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиска писменост, коишто се организираат од финансиските регулаторни институции: Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, заедно со приватниот финансиски сектор.

МАПАС, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, САВА Пензиско друштво А.Д. Скопје, ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ упатува јавен повик до сите заинтересирани граѓани да ја посетат веб страната и социјалните медиуми на МАПАС и на пензиските друштва и да се информираат и едуцираат за капитално финансираното пензиско осигурување и својата индивидуална сметка. Навремена информираност за состојбите во пензискиот систем и своите права и обврски на членовите, ќе им овозможи да донесат одлука во вистинско време и да се обратат за помош на вистинското место, но и да преземат други ефективни активности за подобрување на нивната финансиска благосостојба и пензиска заштеда која ќе им овозможи сигурни пензионерски денови.

Деновите на финансиската писменост оваа година ќе бидат организирани главно како едукативни предавања. За спроведување на финансиска едукација и финансиска инклузија во делот на капитално финансирано пензиско осигурување ги споделуваме следните активности за одбележување на Деновите за финансиска писменост  2024 година и тоа на:

  • 26.11.2024 година во 11 часот: одржување на едукативен настан за професорите и студентите на Универзитет Скопје; 
  • 27.11.2024  во 12 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар  во ОOУ „Свети Климент Охридски“ – Општина Бутел;
  • 28.11.2024  во 13.30 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар  од основните училишта на Општина Кисела Вода.

Целта на овие активности кои ги спроведуваме е да се зајакне финансиската едукација,  да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.

За повеќе информации посетете ја веб страната и социјалните медиуми:

http://www.mapas.mk

https://www.facebook.com/mapas.mk

https://www.instagram.com/mapas.mk

https://www.linkedin.com/company/mapasmk

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов