Осмо издание на Деновите на финансиската писменост 26 -28 ноември 2024 година
Од 26 до 28 ноември годинава ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиска писменост, коишто се организираат од финансиските регулаторни институции: Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, заедно со приватниот финансиски сектор.
МАПАС, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, САВА Пензиско друштво А.Д. Скопје, ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ упатува јавен повик до сите заинтересирани граѓани да ја посетат веб страната и социјалните медиуми на МАПАС и на пензиските друштва и да се информираат и едуцираат за капитално финансираното пензиско осигурување и својата индивидуална сметка. Навремена информираност за состојбите во пензискиот систем и своите права и обврски на членовите, ќе им овозможи да донесат одлука во вистинско време и да се обратат за помош на вистинското место, но и да преземат други ефективни активности за подобрување на нивната финансиска благосостојба и пензиска заштеда која ќе им овозможи сигурни пензионерски денови.
Деновите на финансиската писменост оваа година ќе бидат организирани главно како едукативни предавања. За спроведување на финансиска едукација и финансиска инклузија во делот на капитално финансирано пензиско осигурување ги споделуваме следните активности за одбележување на Деновите за финансиска писменост 2024 година и тоа на:
- 26.11.2024 година во 11 часот: одржување на едукативен настан за професорите и студентите на Универзитет Скопје;
- 27.11.2024 во 12 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар во ОOУ „Свети Климент Охридски“ – Општина Бутел;
- 28.11.2024 во 13.30 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар од основните училишта на Општина Кисела Вода.
Целта на овие активности кои ги спроведуваме е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
За повеќе информации посетете ја веб страната и социјалните медиуми:
https://www.facebook.com/mapas.mk