Известување за намалување на надоместокот од уплатени придонеси на КБ Прво отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје
Почнувајќи од 01.01.2025 година висината на надоместокот од придонеси на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје ќе изнесува 1,70%* од уплатените придонеси, наместо претходно важечкиот 1,80 %*.
Ова намалување директно подразбира намалување на трошоците на членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје.
Тип на тековно наплатуван надоместок | Износ |
Надоместок од придонеси* | 1,70% од 01.01.2025 година (1,80% до 31.12.2024 година) |
Mесечен надоместок од вредноста на нето средствата на Фондот* | 0,03% |
Надомест за премин * | Износ |
Број на денови ≤ 720 | 15 евра |
Број на денови > 720 | Не се наплатува надоместок |
Трансакциони провизии ** | Износ во денари | Износ / Нето вредност на средствата на задолжителниот пензиски фонд% | Износ на трошок по една сметководствена единица (денари) |
Вкупен износ на трансакциони провизии, платени од КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје во периодот од 01.01.2024 до 30.11.2024 | 1.023.161,00 | 0,001% | 0,004 |
***Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд.
* извор: www.mapas.mk
** извор: КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел.: 02 3224 229