Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас

Известување за членови со бенефициран стаж на осигурување

Согласно член 1 од Законот за дополнување на Закон за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, објавен во Сл. Весник бр.  180 од 2 септември 2019 година, членовите на задолжителните пензиски фондови кои веќе стекнале стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година,  имаат можност да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд почнувајќи од 16 јуни 2025 година, а најдоцна до  16 септември 2025 година.

Изборот се врши со писмена изјава, а доколку членовите не го остварат правото за избор, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе престане на 17 септември 2025 година. Согласно закон, по престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво има обврска да го пренесе вкупниот износ на средствата од индивидуалната сметка во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, од каде што членовите ќе остварат право на пензија.

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов