Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас

ТТК Банка АД Скопје – нов продажен канал на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја прошири својата продажна мрежа со вклучување на ТТК Банка АД Скопје како нов продажен канал. Со ова партнерство се отвораат нови можности за поголема достапност на пензиските услуги и унапредување на пазарното присуство на Друштвото.

„Нашата цел е да им овозможиме на граѓаните сигурност и доверба во нивната иднина. Со проширувањето на продажната мрежа преку ТТК Банка АД Скопје, им нудиме поголема достапност и транспарентност“ – изјави Иван Стојановиќ, втор генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Од ТТК Банка АД Скопје м-р Димитри Трповски, член на Управниот одбор и генерален директор за комерцијално банкарство изјави: „Веруваме дека оваа соработка ќе создаде додадена вредност за нашите клиенти и ќе придонесе за посигурно и поодржливо финансиско планирање на иднината“.

По тој повод, овој месец се одржа првата заедничка работна средба под мотото „Вашиот потенцијал. Нашата поддршка. Заеднички успех!“, на која беа поставени темелите за стабилна, долгорочна и стратешка соработка меѓу двете институции.

Вклучувањето на ТТК Банка АД Скопје како нов продажен канал претставува значаен чекор кон зајакнување и дисперзирање на продажната мрежа на КБ Прво, со цел поблиска комуникација со членовите и поефикасна поддршка во процесот на донесување информирани финансиски одлуки.

Развојот на широка и достапна продажна мрежа претставува важен придонес кон реформираниот пензиски систем, подигнување на пензиската свесност и едукација на населението за значењето на навременото и одговорно финансиско планирање.

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје верува дека ова партнерство ќе создаде додадена вредност за сите засегнати страни и ќе претставува цврста основа за континуиран развој.

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов