Окт
10
2025
Моќта на долгорочната инвестиција
Финансиското планирање не е еднократна одлука, туку процес што бара визија, дисциплина и доверба во иднината. Еден од најдобрите начини за обезбедување стабилна финансиска основа е вложувањето во пензиски фондови, каде секоја редовна уплата добива можност за раст и акумулација во долг временски период.
Како функционира инвестицијата
Средствата што членовите ги вложуваат во фондовите се инвестираат во различни финансиски инструменти, согласно строги законски прописи, со цел да се оствари принос на вложените средства, преку кој се обезбедува можност пензијата, односно пензискиот надоместок да расте. На тој начин не се гради само моментална заштеда, туку се создава долгорочна вредност која обезбедува дополнителен приход во иднина. Клучна улога има времето:
- Колку порано започне вложувањето, толку повеќе години средствата имаат можност да се зголемуваат.
- Редовноста во уплатите е подеднакво значајна – малите, но дисциплинирани вложувања со тек на време создаваат значајна акумулација.
- Приносот што се остварува преку инвестициите е фактор кој ја определува брзината на раст, но времето останува најмоќниот сојузник на секој член.
Зошто е важно да се започне порано со уплати во доброволниот пензиски фонд на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
Инвестицијата во пензиски фонд не бара високи износи – доволна е мала, но постојана уплата за да се обезбеди стабилност. Возраста на зачленување има директно влијание врз конечниот резултат: секоја пропуштена година го намалува потенцијалот за акумулација.
Членови на доброволниот пензиски фонд може да бидат сите лица на возраст од 15 до 70 години, под услов да не се приматели на пензија, односно лица кои немаат остварено право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Тука спаѓаат вработени или невработени лица, вработени на проекти или трети лица – членови на семејството. За малолетни лица, уплатите може да ги врши родителот или старателот во улога на уплаќач.
Со започнување на 25 години, членот има предност од цела деценија дополнителни уплати и раст на вложените средства во споредба со лице кое започнува на 35 години. Оваа временска разлика резултира со речиси двојна акумулација на капитал.
Конкретни примери – ефектот на возраста и приносот
Да ја разгледаме разликата во акумулираните средства при редовно вложување од
3 000 денари месечно:
| Ако вложувањето започне на 25 години, со вложување на средствата до 65 години (40 години вложување): | |||||
| Возраст на започнување со уплата | Период на вложување | Годишен принос | Вкупно уплатено во денари | Бруто акумулирани средства во денари | Заработка (денари) |
| 25 години | 40 години | 4% | 1 440 000 | 3 407 229 | 1 967 229 |
| 25 години | 40 години | 5% | 1 440 000 | 4 354 051 | 2 914 051 |
| 25 години | 40 години | 6% | 1 440 000 | 5 607 118 | 4 167 118 |
| Ако вложувањето започне на 35 години, со вложување на средствата до 65 години (30 години вложување): | |||||
| Возраст на започнување со уплата | Период на вложување | Годишен принос | Вкупно уплатено во денари | Бруто акумулирани средства во денари | Заработка (денари) |
| 35 години | 30 години | 4% | 1 080 000 | 2 010 978 | 930 978 |
| 35 години | 30 години | 5% | 1 080 000 | 2 394 691 | 1 314 691 |
| 35 години | 30 години | 6% | 1 080 000 | 2 864 325 | 1 784 325 |

Разликата е јасна: Десет години порано вложување значат неколку стотици илјади денари повеќе во иднина. Тоа е директен показател дека времето и дисциплината се клучните фактори за создавање значителна финансиска предност.

*Пресметката е од информативен карактер. Износот на акумулирани средства е проектиран врз основа на параметрите кои корисникот самиот ги внесува (месечна, годишна или еднократна уплата на износ на доброволен придонес, надомест од уплатени придонеси, очекувана стапка на принос и период на уплата).
Во пресметката е вклучен износот за надомест за управување со средства.
Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.
Надоместоци кои ги наплаќа друштвото: Линк
Оданочувањето на средствата при исплата е согласно Законот за данок на личен доход.
Лидерство и сигурност
Како лидер на пазарот на пензиско осигурување, КБ Прво е посветено на управување со средствата на своите членови на транспарентен, одговорен и професионален начин. Нашата стратегија се заснова на оптимален баланс помеѓу сигурноста на вложувањата и нивниот потенцијал за принос. Долгорочната стабилност и довербата што ни ја укажуваат членовите се најсилен доказ дека дисциплинираната инвестиција носи резултати.
Ваша одлука – Ваша иднина
Секој ден е нова можност за создавање финансиска независност. Одлуката да се вложува денес е инвестиција во подобра утрешнина.
Пресметајте го Вашиот потенцијален раст преку калкулаторот за пензиска заштеда: https://kbprvo.com.mk/kalkulator/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229.