Со цел точно и навремено доставување на редовните известувања за состојбата на Вашата сметка или, пак, други законски известувања што Друштвото Ви ги доставува на Вашата контакт адреса, од особена важност е Вашите податоци да бидат целосно точни и навремено ажурирани во Регистарот на членовитe на пензиските фондови со кој управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.
Точните податоци ќе ни овозможат да имаме навремена, редовна и успешна комуникација со секој од Вас.
Ажурирање и корекција на лични податоци на членовите во пензиските фондови се врши преку непосреден увид во документ за лична идентификација на лицето кое бара промена на податоците од страна на овластено лице на друштвото или агент.
Дополнителни информации за процедурата за ажурирање или корекција на лични податоци, преку наш претставник, може да добиете на контакт телефоните на Друштвото.
Почнувајќи од 14.04.2020, согласно промените во законската регулатива, се овозможи поедноставен начин за ажурирање/корекција на личните податоци.
Ажурирање/корекција на личен податок ќе се врши со пополнување на образец Барање за ажурирање/корекција на податоци, кој електронски се доставува до друштвото на contact@kbprvo.com.mk / azuriranje@kbprvo.com.mk.
Друштвото ќе ги направи измените наведени во барањето со телефонски разговор и потврда од страна на клиентот.
Aжурирање/корекција на податок за адреса на живеење и/или адреса за коресподенција на член може да се изврши по телефонски пат со јавување на контакт телефоните на друштвото.
Online промена на лични податоци
Со цел промена на лични податоци, потребен Ви е ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД со кој Вие лично ќе ги потврдите новите податоци во Вашиот профил.
Истиот може да го добиете на Вашата e-mail адреса или на Вашата домашна адреса (адреса за кореспонденција), претходно регистрирани во евиденција на Друштвото.
За да ја регистрирате Вашата e-mail адреса или да побарате доставување на ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД, Ве молиме да ни се обратите на телефонскиот број 02/ 32 43 777 или 02/ 32 43 772.
По добивање на кодот, Ве молиме за следното:
- Најавете се на МОЈА СМЕТКА, користејќи ги корисничкото име и лозинката доделена од страна на Друштвото и доставена во прилог на годишниот извештај за пензиска заштеда.
- Во Вашиот профил, извршете промена на потребниот податок, користејќи големи кирилски букви за името, презимето и адресата и во полето за телефон не ги внесувајте следните симболи – и /.
- Кликнете Зачувај, по што порталот ќе побара внесување на ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД.
- Внесете го кодот издаден од Друштвото и кликнете Поднеси.