Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Инвестициска политика

Инвестициска политика

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ФОНД

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ги инвестира средствата на членовите на Задолжителниот фонд со којшто управува во согласност со строго утврдени правила и принципи, под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, а Банката чувар на имот ги чува средствата на Пензискиот фонд одвоено од средствата на Друштвото.

Средствата на Пензискиот фонд се инвестираат со цел обезбедување на сигурност на средствата, диверзификација од инвестициските ризици како и одржување на адекватно ниво на ликвидност. Друштвото ќе ги насочи своите напори кон постигнување долгорочна (околу 30 години)  номинална стапка на принос од најмалку 3 процентни поени над стапката на инфлација (CPI) за истиот период, односно остварување на реална стапка на принос од најмалку 3 %.

Во процесот на алокација на средства и буџетирање на ризикот се земаат предвид долгорочната природа на обврските, односно старосната структура на членовите на Фондот.

Управувањето со средствата на Фондот ќе се врши преку балансирано портфолио составено од:  инвестиции во инструменти со варијабилен принос и инвестиции во инструменти со фиксен приход.

Целта на инвестициите во акции е да се максимизира  долгорочниот реален  раст на средствата, додека со инвестициите во инструменти со фиксен принос се очекува  да се генерира стабилен приход и да се обезбеди заштита на портфолиото.

Инвестициите во странство ќе бидат направени во инвестициски фондови, главно, во индексни фондови. Со инвестирање во најголемите и најдиверзифицирани интернационални индексни фондови се постигнува пасивна изложеност на странскиот пазар на капитал како и контрола на инвестициските трошоци.

Започнувајќи од 2021 година Друштвото во управување со средствата на фондовите го имплементира т.н. Одговорно инвестирање. Одговорното инвестирање вклучува грижа за околината, општеството и корпоративното управување со компаниите (ESG).

Управување со ризици

Управувањето со фондовите на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје се заснова  на принципот на фидуцијарна должност, а во тој процес посебна важност се дава на процедурите во управување со ризиците.

Ризикот може да се дефинира како комбинација од веројатност еден настан да се случи  и  влијанието кое истиот може да го предизвика. Управувањето со ризици e процес на идентификација, мерење, управување и контролирање на ризиците. Овој процес треба да резултира со корист на сите стратешки нивоа.

Процедурите за управување со ризици се засновани на концептот на Управување со ризици на ниво на компанија (Enterprise risk management ERM). Овој концепт дава рамка за управување со ризици, и е составена од:

  • Идентификација на поеднинечни настани како ризици;
  • Мерење на ризиците преку веројатности и влијанија на поединечен настан;
  • Управување со ризици;
  • Контрола на ризици;

Идентификуваните ризици со кои се управува  се групирани во следните групи: Финансиски ризициПензиски ризициОперативни ризици и Екстерни ризици.

КБ Прво пензиско друштво во текот на своето работење се соочува со многубројни ризици, од кои некои претставуваат значајни предизвици. Проактивен пристап во процесот за управување со ризици резултира во предности  за сите учесници во системот, вклучувајќи ги и членовите, сопствениците, вработените и регулаторот.