КБ Прво со нова модерна веб страна
Во согласност со динамичните промени на модерното деловно работење, како и промената на навиките на луѓето и целокупното општество, КБ Прво Пензиско Друштво го прифати предизвикот и подготви нова, комплетно редизајнирана веб страна со цел на најдобар начин да одговори на технолошките промени што ги носи новото време.
Со новиот, модерен дизајн, како и одличните функционалности кои ги овозможува, новата веб страна на КБ Прво има за цел да понуди поголема прегледност и да обезбеди транспарентност со пристап до поголем број на информации, што воедно ќе ги направи сите услуги уште поблиски до потенцијалните клиенти, истовремено овозможувајќи му на друштвото на најдобар начин да одговори на сите барања и потреби на постоечките и новите членови.
Покрај подобрување на визуелниот изглед и лесниот пристап до информации, новата веб страна ја овозможува и опцијата “калкулатор”, каде сите постоечки и нови членови можат на лесен и едноставен начин врз основа на параметри кои самите ги внесуваат (месечна, годишна или еднократна уплата на износ на доброволен придонес, надомест од уплатени придонеси, очекувана стапка на принос и период на уплата) да направат пресметка колку би се оплодиле нивите средства на доброволна индивидуална или професионална сметка.
Исто така, како дел од кампањата “Замени и засади”, насочена кон општествена одговорност, преку која друштвото ги повикува своите членови да го заменат зелениот плик со добивање на својот годишен извештај по пат на електронска пошта и со тоа да придонесат кон заштита и подобрување на животната средина, новата веб страна овозможува и визуелно упатство за пополнување на формуларот за регистрација.
Новата веб страна на КБ Прво, доаѓа во склоп на зголемените маркетинг активности кои компанијата ги презема изминатиот период што е уште еден доказ дека друштвото постојано се стреми своето работење, да го доближи што е можно поблизу до своите членови и да одговори на сите нивни барања, потреби и предизвици.
Во насока на флексибилноста, важно е да се напомене дека сите содржини на новата веб страна, како и досега, паралелно ќе бидат достапни и на англиски и албански јазик.
КБ Прво веќе 16 години е дел од управувањето со капитално финансирани пензиски фондови, исполнувајќи ја својата мисија да биде сигурен и стабилен партнер на сите корисници на пензија, што резултира со задржување на лидерската позиција во капиталното финансирано пензиско осигурување.
Со својата долгогодишна експертиза, искуство и знаење на својот тим од истакнати професионалци, друштвото продолжува со длабока посветеност да води грижа за средствата на пензиските фондови со кои управува, работејќи посветено и фокусирано кон своите клиенти, истовремено вршејќи ја својата важна улога во општеството, како дел од пензискиот систем на државата.
КБ Прво Пензиско Друштво е препознатливо по своите етички принципи, висока стручност и професионалност во работењето, со единствена цел остварување добробит за сите свои членови.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229