Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас

Се менуваат налозите за уплата во третиот столб

Од 9 ноември 2026 година започна примената на новите правила во домашниот платен промет, со кои досегашните трицифрени шифри за плаќање се заменуваат со четиризнаковни ознаки согласно стандардот ISO 20022.

Оваа промена се одразува и на начинот на пополнување на налозите за уплата во третиот пензиски столб.

За правилно реализирање на уплатите, важно е да ги користите соодветните ознаки и да ги внесете потребните информации во полето „Опис на плаќањето“, во зависност од тоа дали уплатата ја вршите како физичко или правно лице.

Дополнително, домашните денарски платежни сметки преминуваат во IBAN формат. Притоа, постојниот број на платежната сметка останува непроменет, а ознаката MK07 автоматски се додава од страна на банката. Ви препорачуваме да ги зачувате овие информации и да ги имате предвид при следната уплата.

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов