Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

КБ Прво Пензиско Друштво со забавно-едукативен настан посветен на животната средина

КБ Прво Пензиско Друштво со забавно-едукативен настан посветен на животната средина

Скопје – 17.10.2022 година – КБ Прво пензиско друштво во склоп на кампањата „Замени и засади“ на 8-ми Октомври организираше забавно-едукативен настан во Градски парк.

Под мотото „Да инвестираме заедно во зелена иднина“ изминатата сабота Друштвото одржа забавно-едукативен настан во склоп на кампањата „Замени и засади“, кој имаше за цел преку дружба, игра и забава да ги едуцира посетителите како со мали активности можат да помогнат во унапредување на животната средина и целокупното општество.

Посетителите на настанот имаа можност да уживаат во музички перформанс DJ Junior Бабура и забавно-едукативни активности низ кои не водеше модераторот Ненад Ѓеорѓиевски. Додека најмалите се забавуваа со интересни детски активности и друштвени игри, а имаа и можност самите да подготват свои уникатни садници во знак на поттикнување на грижата за животната средина уште од најрана возраст.Посетителите имаа можност на штандовите да пополнат формулар за известување на член по пат на електронска пошта, со кој направија промена на начинот на кој што го добиваат својот годишен извештај за пензиска заштеда, што претставува клучна цел на кампањата.

“Замени и засади” е кампања која започна минатата година, преку која КБ Прво ги охрабри своите членови да го заменат зелениот плик со добивање на својот годишен извештај преку електронска пошта. Првиот циклус од кампањата беше финализиран со озеленување на 1 хектар непошумен дел во пределот на местото Пезово, Кумановско.

Горди на својата заложба, КБ Прво изјавува благодарност за изнанадувачкиот број од повеќе од 100 членови кои направија замена на својот зелен плик токму во периодот од неколкучасовното дружење на местото на настанот.

„И оваа година остануваме силно посветени, нашата мисија сакаме да прерасне во традиција. Согласно податоци на друштвото, пензиските фондови со кои управува Друштвото бројат повеќе од 280.000 членови, од кои околу 20.000 го добиваат својот зелен плик по емаил. Токму поради тоа сме и денес овде, да поттикнеме да размислувате на кој начин со своите одлуки може да дадете придонес кон заедничка поквалитена иднина.

Исто како што финансиското инвестирање ни обезбедува подобри услови во пензиските денови, секое ново засадено дрвце е една вредна инвестиција која ни дава поголема сигурност за здрава средина кон која целиме.

Денешниот настан го организиравме со цел да ви покажеме на сите вас како со еден мал чекор можете да придонесете кон големи промени за подобро утре.“ – изјави Сузана Бошковска Златаревска, Раководител на Секторот за маркетинг и агентска мрежа.

КБ Прво Пензиско Друштво е познато по својот фокус кон општествената одговорност и одржливиот начин на работење, со активности поврзани со зачувување и унапредување на животната средина. Минатата година како пионер во земјата, друштвото воведе концепт на ESG инвестирање, кое опфаќа инвестирање во инвестициски фондови што вложуваат во компании кои се грижат за опкружувањето.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229

Нема коментари

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР