КБ Прво – дел од вториот Фестивал на инклузија
Ни претставува посебно задоволство што втора година по ред, имавме можност да го поддржиме Фестивалот на инклузија. Годинава се одржа од 7 до 10 септември во парк „Македонија“ – Дом на културата „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода, под мотото „Културни инклузивни политики“.
Во рамките на истиот беше реализирана богата програма со поинаков пристап кој промовира социјална кохезија, работилници за комуникациски вештини и креативно изразување.
Веруваме дека овој пионерски исчекор ќе стане една традиција која ќе биде отслик на емпатија и срдечност меѓу сите учесници во општеството. Како општествено одговорна компанија, би сакале да поттикнеме вклучување на сите кои се во можност да помогнат и пружат поддршка, и истото да го направат веднаш, зашто верувајте дека Иднината почнува од денес.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229.