Окт
20
2026
Известување за членови со бенефициран стаж на осигурување
Согласно член 1 од Законот за дополнување на Закон за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, објавен во Сл. Весник бр. 180 од 2 септември 2019 година, членовите на задолжителните пензиски фондови кои веќе стекнале стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година, имаат можност да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, почнувајќи од 20 октомври 2027 година., односно најдоцна до 20 јануари 2027 година.
Изборот се врши со писмена изјава, а доколку членовите не го остварат правото за избор, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе престане на 21 јануари 2027 година. Согласно закон, по престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво има обврска да го пренесе вкупниот износ на средствата од индивидуалната сметка во Фондот на ПИОСМ, од каде што членовите ќе остварат право на пензија.
За дополнителни информации и прашања во врска со горенаведеното, можете да нè контактирате на телефонските броеви 02/32 43 777 и 02/32 43 772.